Што сè е затворено

Како варираат мерките против коронавирусот низ Европа?

Последниве недели земјите најавија низа забрани, од јавни собири преку забрани за летање до затворање на училиштата. Информациите се ажурирани до денеска (16 март) на пладне.

До 16 часот на 12 март скоро секоја земја имаше затворено училишта на национално или регионално ниво

До 11 часот на 13 март, уште седум држави воведоа целосно затворање на училиштата

До 16 часот на 13 март, уште три земји ги затворија сите училишта

До 12 часот на 16 март, сите освен мал број земји ги затворија сите училишта

Албанија

Затворени училишта

Забранети се масовни собири

Баровите, рестораните, спортските сали и ноќните клубови се затворени

 

Австрија

Училиштата се затворени

Забранети се собири на повеќе од пет лица

На луѓето им е дозволено да излезат од дома само за неодложна работа, за да ја купат потребната храна и да им помагаат на други

Целосен карантин во регионот Тирол

 

Белгија

Затворени училишта, иако градинките може да останат отворени

Рестораните, кафулињата и ноќните клубови се затворени

Големите собири се откажани

 

Босна

Училиштата и универзитетите се затворени

Забранети се сите јавни собири и спортски настани

 

Бугарија

Училиштата и универзитетите се затворени

Забранети се собири на повеќе од 250 лица

Забрана за посета на спортски сали, кина, барови, ресторани и продавници, освен супермаркети и аптеки

 

Чешка Република

Целата држава во карантин до 24 март

Забрана за напуштање на домот освен за на работа, патување до болница или купување на основните продукти

Училиштата и универзитетите се затворени

 

Хрватска

Училиштата и универзитетите се затворени

 

Данска

Училиштата и универзитетите се затворени

Забранети се собири на повеќе од 100 лица

Сите вработени во јавниот сектор со работни места што не се неопходни се испратени дома

 

Естонија

Училиштата се затворени

Забранети се јавни собири

Затворени се музеите, кината, центрите за рекреација, спортските клубови

 

Финска

Училиштата се затворени во општината Хујтинен

Препорачана забрана за собири на повеќе од 500 лица

 

Франција

Училиштата се затворени

Забрана за собири над 100 лица

Забрана за посети во пензионерски домови

Затворени се баровите, кафулињата, рестораните и скоро сите продавници, освен тие за храна и аптеките

 

Германија

Училиштата се затворени во Берлин, Баварија и на други места

Настаните со повеќе од 1.000 луѓе забранети во повеќето држави

Баровите, кината, игралиштата и спортски терени затворени во Баварија

На рестораните во Баварија им е дозволено да останат отворени од 6 до 15 часот. Работното време за супермаркетите, продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи во државата ќе се продолжи до 22 часот во работните денови

 

Грција

Училиштата и универзитетите се затворени

Сите продавници се затворени освен супермаркетите, аптеките и службите за достава на храна

Затворени се спортските сали, кината, ноќните клубови и театрите

 

Унгарија

Училиштата и универзитетите се затворени

Театрите, ноќните клубови и кината се затворени

Рестораните и кафулињата имаат дозвола да останат отворени до 15 часот

Средбите во затворено за повеќе од 100 луѓе и средбите на отворено за повеќе од 500 луѓе се забранети

Од лицата постари од 70 години е побарано да не излегуваат од дома

 

Исланд

Училиштата се затворени

Забрана за собири на повеќе од 100 луѓе

 

Ирска

Затворени училишта, колеџи, градинки и јавни канцеларии

Баровите и пабовите се затворени

Собирите во затворено за повеќе од 100 луѓе се забранети

Собирите на отворено се забранети за повеќе од 500 луѓе

 

Италија

Забранети се сите патувања и јавни собири што не се најнеопходни до 3 април

Училиштата се затворени

Сите продавници се затворени освен супермаркетите, продавниците за храна и аптеките

Затворени се сите компаниски оддели што не се најнеопходни

 

Латвија

Училиштата се затворени до 14 април

Забранети се јавни собири за над 50 луѓе

 

Литванија

Училиштата, градинките и универзитетите се затворени

Повеќето продавници, ресторани и пабови се затворени, освен продавниците за храна и аптеките, кои може да останат отворени

Собирите на над 100 луѓе се забранети

 

Луксембург

Училиштата се затворени

На луѓето им е наредено да останат дома освен ако немаат итна работа

Рестораните и продавниците се затворени

 

Малта

Училиштата се затворени

 

Молдавија

Училиштата и универзитетите се затворени

Забранети се собири на над 50 лица

 

Холандија

Училиштата се затворени

Собирите на повеќе од 100 луѓе се забранети

Баровите, рестораните и некои продавници се затворени

 

Македонија

Училиштата, градинките и универзитетите се затворени

Сите јавни собири се забранети

Рестораните, кафулињата и клубовите работат само со достава

 

Норвешка

Училиштата се затворени

Затворени се широк спектар јавни и приватни институции, меѓу кои и рестораните

 

Полска

Училиштата се затворени

 

Португалија

Училиштата и универзитетите се затворени

Забрана на собири со над 100 лица

Баровите и ноќните клубови се затворени

 

Романија

Училиштата се затворени

Забрана на собири со над 100 лица

 

Србија

Училиштата се затворени

Јавните места се затворени

 

Словачка

Училиштата се затворени

Сите продавници се затворени освен продавниците за храна, аптеките, банките, бензинските пумпи и поштите

Затворени се центрите за спорт, рекреација и забава

 

Словенија

Училиштата се затворени

Сите барови, ресторани, спортски сали, фризерски салони, киносали и повеќето продавници се затворени

На продавниците за храна им е дозволено да примаат само ограничен број клиенти во исто време

 

Шпанија

Училиштата се затворени

Делумен карантин, што значи дека луѓето можат да одат само од дома до работа, да купат храна или да посетат аптека или болница

Приватните здравствени установи пренесени во националниот здравствен систем

 

Шведска

Забрана за собири со повеќе од 500 луѓе

 

Швајцарија

Училиштата се затворени

Забрана за собири со повеќе од 100 луѓе

Пристапот до рестораните, баровите и ноќните клубови ограничен на максимум 50 лица

Построги ограничувања на регионално ниво

 

Обединето Кралство

Забрана за собири на повеќе од 500 луѓе во Шкотска

 

Украина

Училиштата се затворени

Баровите, рестораните, кафулињата и трговските центри затворени во Киев и во некои други градови

Гардијан

Објавено

Понеделник, Март 16, 2020 - 22:42

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе