Како изгледа гласањето на „изборите“ во Северна Кореја? (ВИДЕО)

Граѓаните на Северна Кореја во неделата излегоа на „избори“. И додека таквата вест можеби би била нормална за некоја друга земја, кога станува збор за оваа тоталитарна држава во која комунистичката династија Ким владее речиси седумдесет години, веста за изборите звучи прилично бизарно.

Дали Ким Џонг конечно реши да ја демократизира Северна Кореја: Дали е спремен да се повлече од власта, за разлика од неговите татко и дедо кои владееја доживотно, и да го препушти управувањето со изолираната и сиромашна земја на некој друг, ако неговиот народ така одлучи на изборите? Можно ли е американскиот претседател Доналд Трамп, самопрогласениот мајстор на договарањето, да го натерал на тоа на неодамнешните преговори во Виетнам?

Нормално дека не. Гласањето за Врховното народно собрание во Северна Кореја е редовно, задолжително за сите гласачи и, најважно, не е вистински избор бидејќи гласачите не можат да избираат меѓу различни кандидати. Нивната задача е да гласаат за еден кандидат кој ќе им го понуди режимот. Затоа на денот на таканаречените избори сите постари од 17 години мора да излезат и да гласаат.

Какво било изразување на несогласување е нечуено, пишува Би-би-си. Излезноста е секогаш блиску до 100 отсто, а поддршката за власта е едногласна. Тоа и се очекува од нив, не само на изборите, туку и во секојдневниот живот – целосна приврзаност кон владејачката династија и актуелниот лидер.

И покрај тоа, или токму поради тоа, официјалниот весник на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја во напис минатата недела го прогласи „изборниот систем на земјата за најсупериорен во светот“.

„Како знак на лојалност, се очекува да дојдете порано, за да нема долги редици“, објаснува експертот за Северна Кореја Фјодор Тертицки од Сеул.

Кога гласачот ќе дојде на ред, на гласачкото место добива гласачко ливче со само едно име на него. Не мора ништо да заокружи или да штиклира коцка. Го зема ливчето и како што го добил, го става во гласачката кутија која се наоѓа пред сите, и тоа е тоа. Има и кабини за оние кои сакаат да гласаат во приватност, но тоа веднаш би привлекло сомнеж.

Барем теоретски, гласачите можат да го пречкртаат името на единствениот кандидат кој им е понуден. Но тоа речиси сигурно би го привлекло вниманието на тајната полиција која би тргнала во прогон на таквиот гласач, а тој на крајот најверојатно би бил прогласен за непресметлив, вели Тертицки.

Откако ќе завршат со гласањето, Севернокорејците мора да им се придружат на групите свои сонародници кои пред гласачките места гласно ја изразуваат среќата што добиле прилика да гласаат за мудриот државен врв.

Бидејќи гласањето е задолжително, тоа има уште една, можеби поважна функција за режимот – му служи како своевиден цензус со помош на кој го следи населението и полесно ги открива оние кои пребегнале.

Резултатите на „изборите“ нема да бидат познати уште некој ден, симболично е тоа што на минатите „избори“ во 2014 излезноста беше импресивни 99,97 отсто. Има шега во Северна Кореја дека на денот на изборите сите се здрави и никој не умира, пишува Би-би-си. Централната изборна комисија уште во неделата во 18 часот по локално време објави дека сите граѓани, кои не се на работа во странство, гласале.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе