НЕШНЕЛ ИНТЕРЕСТ

Како Хитлер за малку ќе ја нападнел Швајцарија

Швајцарците можат да тврдат дека помислата дека ќе се соочат со оружена нација ги одвратила Германците, но тешко. И Југославија беше планинска нација населена со исклучително храбри луѓе, па Германците сепак одлучија да ја освојат во април 1941 година, вели Нешнел интерест.

Швајцарија од Втората светска војна излезе непокорена, но не и неизвалкана. Швајцарија опстана како слободна, демократска држава додека Европа беше газена од нацистичката чизма, но и соработуваше со Третиот рајх.

Чувањето на златото, ограбено од нацистите, во замена за минералите што ја движеа германската воена машинерија, или задржувањето на огромните средства што им припаѓаа на жртвите на Холокаустот, е тешко нешто со кое би се гордеел Швајцарецот денес. Сепак, подеднакво е неправедно Швајцарците да се наречат нацистички марионети.

Всушност, нацистичка Германија за малку ќе ја нападнела Швајцарија. „Швајцарија ги има најодвратните и најбедни луѓе и политички систем“, му се пожалил Хитлер на Мусолини во јуни 1941 година.

По поразот на Франција во летото 1940 година, по што Третиот рајх стана неприкосновен владетел на западна Европа, германската војска измислила план за освојување на Швајцарија. Операцијата Таненбаум се состоела од напад на германските војници од Франција, Германија и Австрија, додека Италијанците би извршиле инвазија од југ.

„Концентрирано ненадејно навлегување од Женевско Езеро до Езерото Констанца кон центарот на земјата со силни и брзи надворешни единици“, велел планот. „Мораме да направиме брзо потчинување на Швајцарија користејќи екстремно супериорни сили“.

Оската ќе се соочела со огромен отпор. Како и во Шведска, неутралноста на Швајцарија била оружена неутралност (во 15 век швајцарските платеници сееле најголем страв во Европа). Сите швајцарски мажи биле подложни на регрутација и на сите им биле дадени пушки што ги чувале дома за во случај на мобилизација. За нација од само четири милиони луѓе, Швајцарците можеле да склопат силна армија од 850.000. Во голема мера планинската Швајцарија, каде што германските тенкови би биле бескорисни, би била цврст орев за блицкригот.

Таа слика на јакост била бастион и на швајцарските односи со јавноста. Навистина, по Втората светска војна, Швајцарците тврдеа дека единственото нешто што го спречило Хитлер да ги нападне била нивната силна вооружена нација. Тоа изгледа малку веројатно. Нацистичка Германија ја победи Франција, позната како најдобрата армија во Европа - за само шест недели. Швајцарија ќе ѝ се спротивставела на Германија со она што во суштина било народна милиција, без тенкови, артилерија и авиони. Иако Швајцарија има многу планини, најнаселениот и индустриски продуктивен дел од нацијата е на рамен терен, кој би бил брзо освоен. Иако Швајцарците изградиле утврдувања, тие природно ги концентрирале на границата со Германија и Австрија, а не со Франција. Тоа го оставило тој дел неодбранет кога Германците ја окупирале Франција.

Можеби ако Германија извршела инвазија во 1944 година, Швајцарците ќе можеле да сметаат на надворешна помош од сојузничките војници и авиони. Но немало шанси тоа да се случи во 1940-41. Ако Германија ја нападнела Швајцарија меѓу освојувањето на Франција во јули 1940 година и инвазијата на Советскиот Сојуз во јуни 1941, Швајцарија ќе била сама. Советскиот Сојуз потпишал договор за ненапаѓање со Германија и му испорачувал ресурси на Третиот рајх. Единствените нации што се бореле против Хитлер биле Британија и нејзиниот Комонвелт, кои биле премногу слаби за да дадат нешто повеќе од симболична поддршка за земјата изолирана среде Европа.

Швајцарците можат да тврдат дека помислата дека ќе наидат на оружена нација ги одвратила Германците, но тешко. И Југославија беше планинска нација населена со исклучително храбри луѓе, па Германците сепак одлучија да ја освојат во април 1941 година.

Значи, зошто нацистичка Германија не ја нападнала Швајцарија? Една од причините може да биде тоа што Хитлер сметал дека Швајцарецот е некој вид Германец (иако тоа не го спречи да ја грабне Австрија). Поверојатна причина е инвазијата на Русија, иако Германците сè уште собирале ресурси за да го нападнат Балканот во пролетта 1941 година. Или можеби Швајцарија била премногу корисна како посредник меѓу нацистичка Германија и глобалната економија.

Во секој случај, Швајцарија за малку ќе станела уште еден од трофеите на Хитлер.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе