Како ЕУ планира да се заштити од нов бран емигранти?

Европската Унија разгледува нови начини како да го спречи доаѓањето на емигрантите со доажањето на топлото време. Сепак, и понатаму е длабоко поделена околу одговорноста за сместувањето на оние кои веќе пристигнале.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ разговараат како да ги зајакнат надворешните граници на Унијата. Германија и Австрија се залагаат за подолги проверки на личните документи и подобра контрола на движењето на емигрантите во Шенгенската зона.

Пристигнувањето на емигранти значително опадна откако над милион влегоа во ЕУ во 2015 година, но се очекува на пролет бројот на пристигнувања да се зголеми. Министрите за внатрешни работи се свесни за улогата која емигрантите ја имаа врз италијанските избори на кои победија две евроскептични партии.

Прашањето дали на ЕУ ѝ е потребен системот на квоти за распределба на емигрантите од земјите најтешко погодени од приливот, пред сѐ Грција и Италија, и понатаму е чувствително па не е една од главните теми.

Холандскиот министер за емиграции Марк Харберс кажа дека релокацијата на бегалците е „голема загатка“ која мора да се реши.

Тој кажа дека без функционален систем за помош на земјите кои се први на ударот на приливот на емигрантите, одделни земји ќе преземаат контрапродуктивни мерки.

Унгарија, Полска, Словачка и Чешка остро се противат на квотите за сместување на емигрантите со објаснување дека тоа против нивна волја им го наметнуваат бирократите од Брисел и инсистираат дека емиграцијата најдобро се контролира со решавање на коренот на проблемот.

Лидерите на ЕУ бараат прашањето на поделбата на товарот, како основна европска вредност, да се реши до почетокот на летото.

Со застојот околу квотите, сѐ повеќе се зборува за кампови за емигранти надвор од надворешните граници на ЕУ. Идејата е популарна и во Франција и во Австрија, која во владејачката коалиција има партија која е против примањето емигранти.

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл ја претстави можноста азилантите да се држат „на едно место на концентриран начин“, што ќе им овозможи на властите да се обидат да ги забрзаат процедурите. Тоа во исто време би ги спречило емигрантите да одат понатаму.

Европската комисија истовремено разгледува како емигрантите, кои немаат право да останат во унијата, побрзо да се вратат дома. Засега едвај половина од оние на кои им е одбиено останувањето се вратени дома.

Се смета дека Комисијата е отворена за можноста на одделни земји да им се овозможи да го ограничат бројот на издадени визи за државите кои одбиваат да ги примат назад своите државјани.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе