Како една жена за само 45 минути ги урна сите амбиции на Макрон во ЕУ

Амбициите на францускиот претседател Емануел Макрон во ЕУ минатата недела доживеаја огромен удар, благодарение на лидерката на неговата партија.

Колешката на Макрон од партијата и највисок кандидат на европските избори Натали Лоазо требаше да ја предводи центристичката група во Европскиот парламент и да ги обедини либералните сили под раководство на Макрон, па да му даде моќен глас во Брисел.

Сепак, во текот на првата недела во парламентот, Лоазо пред 12 франкофонски новинари на, како што вели Индипендент, бизарен брифинг, на кој се обраќаше неофицијално, „го испопрозива“ секој сојузник што ѝ е потребен за да стане лидер на парламентарната група.

Брифингот од 45 минути немало да биде ни откриен ако белгискиот весник „Соар“ не одлучел да ги објави деталите од неговата содржина - што ги налути т.н. макронисти, а последиците доведоа до тоа Лоазо да биде исклучена од трката за шеф на парламентарната група.

Таа актуелниот лидер на партијата АЛДЕ Гај Верхофштат го опиша како „старец фрустриран во последните 15 години“, додека за холандската либералка Софи Инт Велд рече дека „ја загуби секоја битка што некогаш ја водеше.“

Таа се осврна и на германската канцеларка Ангела Меркел, со што ја наруши деликатната француско-германска алијанса, опишувајќи ја како „проблем со Европа“.

Кандидатот на Меркел за претседател Европската комисија, Манфред Вебер, го опиша како „ектоплазма што никогаш не била успешна“.

Лоазо најпрвин негираше дека ги дала тие коментари, опишувајќи ги како „чиста измислица“, но подоцна се извини - веројатно уште повеќе влошувајќи ги работите.

Францускиот весник „Либерасион“ пренесе и дека неколку минути пред брифингот Лоазо испратила порака до своите колеги од партијата, порачувајќи им да „играат скромно и пред сè да не бидат арогантни“.

Таквите анонимни брифинзи против ривалите очигледно се вообичаени во француската политика, а инцидентот го покрена прашањето дали партијата „Во движење“ се приспособила на животот во центарот на ЕУ.

Сепак, вели Индипендент, откако Лоазо сега испадна од трката за лидер на центристичката група, се чини дека францускиот претседател не може да донесе некој од своите луѓе на таа функција.

Пред да ја предводи европската изборна кампања на Макрон, Лоазо беше француска министерка за прашања за ЕУ и учествуваше во разговорите за брегзитот. Вниманието на британските медиуми го привлече со тоа што објави дека својата мачка ја нарекла Брегзит, бидејќи секогаш ѝ мјаука да ја пушти надвор, но кога ќе ѝ ја отвори вратата, таа не излегува.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе