Терористички напад во Париз

Како браќата исламисти можеле да нападнат иако ѝ биле познати на полицијата?

По нападот врз редакцијата на весникот Шарли ебдо во Франција сега многумина го поставуваат прашањето како е возможно браќата Куачи, кои им биле добро понзати на антитерористичките служби во таа земја, да успеале да изведат напад врз место кое веќе било под полициска заштита поради претходни напади и закани.

Помладиот брат Куаши, 32-годишниот Шерид во 2008 бил осудуван поради учеството во испраќањето борци во Ирак и неговото име повторно се појавува во 2010 во истрагата која спречила план на неколку заговорници од затвор да го ослободат милитантниот екстремист Смаин Аит Али Белкачем.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев потврдил дека браќата биле под надзор, но дека немало индикации дека го подготвуваат нападот.

Полициски извор за Франс прес потврдил дека Шериф не патувал во странство и дека браќата не биле следени како „мети кои би можеле да тргнат во акција“.

Истото прашање „Како е можно вакво нешто да се случи?“ француската јавност го постави пред три години кога Мохамед Мера во Тулуз дум луѓе, вклучувајќи три еврејски деца и тројца војници.

Мера, имено, беше познат како радикален исламист со 15 претходни кривични пријави, а властите имале информација дека бил на обука во Пакистан и Авганистан.

Да ги најдете екстремистите е лесно, тврдат експертите за безбедност. Она што е речиси невозможно, според нив, е секој од нив да го следите.

Директорот на францускиот Институт за разузнавачки истражувања Ерик Денес смета дека властите не можат да ги следат во исто време сите оние што се поврзани со тероризам. Тој за Франс прес објаснил како било можно браќата Куаши да „се протнат низ рацете на полицијата“, да набават калашњникови и да го изведат крвавиот напад.

Според него, тоа што некој џихадист им е добро познат на антитерористичките служби, не е гаранција дека ќе биде под постојан надзор на властите.

„Во еден момент надзорот завршува и тоа особено ако терористите се доволно паметни да водат сметка за своето однесување. Постојат неизбежни дупки во системот“, истакнува Денес.

Франс прес потсетува дека е создадено ново масивно јадро на џихадисти составено од француски државјани, а со цел да се поддржи борбата на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Полицијата се обидува да им влезе во трага на оние што ја напуштаат земјата и се враќаат, а анонимен службеник на антитерористичкиот полициски сектор тврди дека полицијата нема начин сите тие луѓе да ги држи под постојан надзор.

„Ние правиме листи. Оние што изгледаат најопасно, оние што најверојатно ќе тргнат во акција се под постојан надзор. За другите зависи дали има доволно ресурси“, истакнал тој.

Службеникот објаснил и дека листата постојано се ажурира – додека некои се искачуваат нагоре, други паѓаат, и „вистинска умешност е да се имаат вистинските имиња на вистинската позиција“, бидејќи тоа не е лесно.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе