Југоносталгијата отвора можност за заработка: на Балканот цвета Тито-туризмот (ВИДЕО)

Југоносталгијата се врати на голема врата во сите поранешни југословенски држави и се претвори во можност за заработка за туристичките претприемачи, пишува Форбс.

Претпријатија, продавници, агенции и слични бизниси низ Балканот истражуваат нови начини да го претворат своето комунистичко минато во профит.

Дизајнерот Марио Милаковиќ реши својата страст кон минатото да ја оживее во Југодом, преку музејска збирка претставена во гостинска куќа или музеј за престој, кој се наоѓа во Белград.

Во Југодом може да се престојува во оригинална југословенска куќа, со мебел, декор и сувенири од времето на СФРЈ, сѐ со оригиналната ознака Made in Yugoslavia.

Во тој музеј доаѓаат гости од целиот свет, но и од поранешните југословенски републики.

„Југодом секогаш евоцира некакви сеќавања, дали е тоа носталгија или пак меланхолија“, вели Милаковиќ.

Југодом е одличен пример за тоа како комунистичкото минато може да се претвори во бизнис успех претворајќи го интересот за минатото во профит.

Се чини дека југоносталгичниот туризам е растечки тренд не само во Србија туку во сите поранешни југословенски републики.

Титовата атомска скривница

Атомската скривница изградена за лидерот на Југославија, Јосип Броз Тито и 350 лица од неговиот најтесен круг, исто така стана многу популарна туристичка атракција во Коњиц, мал град во Босна и Херцеговина.

Турите во скривницата се редовни, а самиот бункер, кој беше државна тајна сѐ до распадот на Југославија во 1990-тите, е зачуван речиси нечепнат со сите свои симболи на општествениот, економски, политички и идеолошки систем на поранешна Југославија.

Фабрика за облека со седиште во Хрватска, Титос, ги продава своите производи низ целиот свет, вклучувајќи маици, ребрендирајќи слики и слогани од комунистичките симболи на Југославија, како петокраката, црвената комунистичка ѕвезда, и бетонските градби.

Неодамнешна анкета покажа дека многумина во поранешна Југославија со голема радост се сеќаваат на својата поранешна татковина.

Во Србија околу 81 отсто од анкетираните сметаат дека распадот на Југославија ѝ наштетил на нивната држава.

Босанците не се многу назад, бидејќи таму 77 отсто од анкетираните жалат за нејзиниот распад.

Милош Нучиќ, професор на белградскиот Факултет за политички науки, го следи порастот на Тито-туризмот на Балканот и предупредува против претворањето на авторитативниот лидер, кој без сомнеж е централната личност на југоносталгијата, во „поп-фигура“.

Југоносталгијата не заживува само со ретро постерите и сликите од тоа време. Таа е сеприсутна и во напуштените ѕидови на Голи Оток – остров во хрватското море кој некогаш беше озлогласен политички затвор и логор за присилна работа за сите што му се противеле на Тито.

И покрај тоа, југоносталгијата е растечки тренд, и за странските туристи, и за младината која сака да научи повеќе за тој период.

Реконструирањето на социјалистичкото искуство и естетика е докажан профитабилен и бизнис успех, оценува Форбс.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе