Ја поразија Исламска држава, сега им се заканува масакр

Демократите и републиканците синоќа покажаа редок пример на согласување. И едните и другите ја осудија одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече американските сили од североистокот на Сирија, како што претходно најави.

Тоа ширум би ја отворило вратата за турска офанзива на курдските подрачја, а која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не само што не ја крие, туку гласно ја најавува. Турција планира во североисточна Сирија, која е под контрола на Сириските демократски сили (СДФ), со сила да воспостави уште една „безбедносна зона“, по примерот на онаа што веќе ја воспостави на северозападот на Сирија. Таа територија ја зазеде, со помош на сопствените локални сојузници од Слободната сириска армија, така што прво ја избрка Исламска држава од тој регион, а потоа ја нападна курдската енклава околу градот Африн.

Големиот отпор во САД, особено во Конгресот, очигледно имал ефект врз Трамп. Тој потоа се закани дека економски ќе ја уништи Турција доколку ја помине границата што тој ја зацртал. Но, Трамп со тоа не ја отфрли можноста од напад, туку ги спомна границите кои Турција не смее да ги мине. Кои граници точно, не објасни.

Курдските сили тврдат дека САД веќе се повлекуваат

Повлекувањето на САД, како што јавуваат курдските сили од теренот, веќе почнало.

„И покрај нашите обиди да избегнеме воена ескалација со Турција, американските сили не ги исполнија своите обврски и се повлекоа од граничните подрачја со Турција, па Турција сега се подготвува за инвазија на северот и истокот на Сирија“, соопшти СДФ.

Изјавата на Курдите доаѓа по неделниот телефонски разговор меѓу Трамп и Ердоган. Во тој разговор турскиот лидер бил прилично агресивен и му го најавил нападот на Трамп. Белата куќа соопшти дека американските сили „нема да поддржат турска операција ниту ќе учествуваат во неа“ и дека тие повеќе „нема да бидат во блискиот регион“. Но, изгледа Трамп, по многубројните критики во својата земја, сепак решил да биде малку поостар кон Турција, а што се гледа по горе спомнатата закана.

Сепак, за Курдите ситуацијата е и понатаму тешка. Курдите останаа сами, изложени на ударите на моќната Турција откако со години беа првата брана против Исламска држава.

Без сојузот со борците на СДФ, кои храбро и пожртвувано ослободуваа град по град, село по село и улица по улица од терористите на ИСИС, сѐ додека нивното последно упориште не беше ослободено во март годинава, коалицијата предводена од САД сигурно немаше да го уништи калифатот во Сирија.

Од друга страна, ни Курдите сигурно немаше да ги победат ИСИС без воздушната, логистичката, разузнавачката и теренската поддршка од Американците и остатокот од анти-ИСИС коалицијата. СДФ беа формирани по иницијатива на Американците како сојуз за борба против ИСИС, составени главно од курдските борци од Единиците за народна одбрана (ИПГ), военото крило на курдската Партија на демократско единство (ПИД), и во помала мера од арапските бунтовници кои претходно се бореа во Слободната сириска армија (ФСА) против режимот на Башар ал Асад.

А сега еден американски НАТО сојузник најавува дека „секој момент“ ќе почне воена офанзива на друг американски сојузник – повторно. Договорот што досега важеше, дека Турција и бунтовниците со кои командува ќе се држат на западната страна на Еуфрат, а дека СДФ ќе остане на источната страна, го прекрши Турција, која реши да воспостави „безбедносна зона“, односно тампон-зона од 32 километри покрај турско-сириската граница.

Турција ги смета за терористи

Турција ја смета курдската ПИД и нејзиното воено крило ИПГ за сириска гранка на Курдската работничка партија (ПКК). А таа курдска партија е забранета и прогласена за терористичка организација во Турција поради граѓанската војна која со децении ја водеше со турската држава во борбата за независна курдска држава – Курдистан.

За да биде парадоксот поголем, и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација, но од прагматични причини ја негира нејзината очигледна поврзаност со курдските борци и властите на северозападот на Сирија, во покраината која Курдите ја викаат Рожава.

Предводена од авторитарниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција во последните години цинично повлече знак еднакво меѓу ИСИС и курдските борци кои ги победија на фронтот, претставувајќи ги и едните и другите како терористи кои ја загрозуваат турската национална безбедност.

Освен „борбата со терористите“, Анкара тврди дека во оваа „безбедносна зона“ ќе можат да ги испратат сириските бегалци кои се уплашени за сопствениот живот и слободата и не сакаат да се вратат на територијата под контрола на режимот на Асад, одговорен за најголемиот дел од загинатите цивили во осумгодишната граѓанска војна. не треба да се заборави дека во Турција има 3,5 милиони бегалци, далеку повеќе отколку во целата Европска Унија. Но, освен што тие бегалци не би се вратиле во своите туку во туѓи домови во Сирија, Курдите тврдат дека станува збор за политика на намерна замена на населението за мнозински курдската територија да се претвори во мнозински арапска.

Што ќе се случи со Курдите

Војната во Сирија трае веќе над осум години. Турската инвазија би можела дополнително да ја разгори. Исламска држава, иако поразена, и понатаму има илјадници борци што се скриени и не е исклучено повторно да се фатат за оружје. А Курдите ги чека нова борба со сериозна и силна воена сила чија цел е воено да ги порази и да ги избрка што подалеку од својата граница. Со други зборови, на Курдите им се заканува масакр.

Како во целата ситуација на крајот ќе се постават САД, останува да се види. Засега Трамп ги мие рацете од сѐ.

„Курдите се бореа на наша страна, но платени се со големи количества пари и оружје за тоа. Тие се борат против Турците со децении. Го одложував овој судир речиси 3 години, но време е да се повлечеме од овие смешни и бескрајни војни, од кои многу се племенски, и да ги вратиме своите војници дома. Ќе се бориме во своја корист и само за да победиме. Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија, и Курдите ќе мора да смислуваат што понатаму и што сакаат да направат со заробените борци на ИСИС во своето „соседство““, напиша Трамп во неверојатно циничната серија твитови, признавајќи дека ги остава курдските сојузници на цедило и дека воопшто не го интересира како да се спречи ИСИС повторно да оживее во оваа анархична и од војната опустошена војна. за спречувањето понатамошно крвопролевање и конфликт со непредвидливи последици и да не зборуваме.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе