Референдум за плановите за анектирање

Избори во Израел: Борбата на Нетанјаху за политичко преживување

Втор пат годинава Израелците бираат нов парламент. Премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да победи – во спротивно веројатно му се заканува тужба за корупција. Анкетите, меѓутоа, покажуваат дека победата му е сѐ само не сигурна, пишува Дојче веле.

По последните избори во април, коалициските преговори во Израел пропаднаа. Тоа се лучи откако Авигдор Либерман со својата секуларна, десничарска партија „Израел нашиот дом“ се судри со илтра-ортодоксниот коалициски партнер. Така амбициите на Нетанјаху да стане израелски премиер со најдолг стаж ненадејно беа прекинати. Но наместо да го врати мандатот за формирање влада, тој распиша нови избори. Поради тоа сега Израелците по втор пат во рок од шест месеци излегуваат на гласачките места.

Некои аналитичари изборите ги опишуваат како политичка борба на Нетанјаху за преживување. Нему веќе во октомври му претстои првото сослушување во случајот со обвинувањата за корупција. „Тука всушност не станува збор за некакви политички теми. Тука станува збор за она Шекспировото да се биде или не“, вели новинарот на Џерузалим пост Гил Хофман.

Освен тоа, тука станува збор и за идниот курс на полииката. „На овие избори станува збор од една страна за личноста на Нетанјаху и неговиот политички стил; за заканата за демократските институции и борбата за вредностите: традиционалните вредности наспроти либералните, секуларните наспроти религиозните“, оценува Тамир Шефер, дека на Институтот за социологија на Хебрејскиот универзитет.

За Нериел Зафири нема сомнеж дека и овојпат ќе гласа за Ликуд, значи за уште еден мандат на Бенјамин Нетанјаху. Тој е сопственик на мало кафуле во западен Ерусалим и премиерот го познава лично. Нетанјаху понекогаш кај него доаѓа на кафе и колачиња.

На ѕидот се закачени фотографии со познатиот гостин. „Тој едноставно има големо искуство. Тоа е важно за секој граѓанин, особено во земја како Израел пред која има толку многу предизвици. И тој ги има најдобрите врски со политичарите во странство како Ангела Меркел, Доналд Трамп, Владимир Путин. Со него можеме мирно да спиеме“, вели Зарифи.

Во предизборната кампања Нетанјаху се претстави како државник – и единствениот кој е во состојба да ја одржи безбедноста на израелските граѓани. Пред изборите отпатува во Лондон на разговори, а се сретна и со рускиот претседател Путин во Сочи. На предизборните плакати тој се ракува со Трамп.

Останува да се види дали предизборните ветувања на Нетанјаху навистина ќе доведат до тоа десно ориентираните гласачи своите гласови да ги дадат на Ликуд, а не на малите партии од десниот спектар.

Минатата недела Нетанјаху си обезбеди негодување во странство кога вети дека, ако повторно биде избран, ќе обезбеди „суверенитет“ за израелските населби во Јорданската долина во окупираниот Западен брег. Нетанјаху кажа дека тоа е историска прилика – и тоа не само затоа што постои можност американската влада по изборите да го објави својот таканаречен мировен план за Блискиот Исток.

Плановите за анексијата предизвикаа жестоки критики во странство. Во Израел, како што вели Бени Ганц од Сино-белата партија, која обично Нетанјаху го претставува како „слаб левичар“, тие најави се критикувани како „празни предизборни ветувања“. Ганц истовремено потсетува дека неговата партија од секогаш се залагала за тоа дека Јорданската долина „засекогаш е дел од Израел“.

„Нетанјаху на овие избори ветува сѐ што може. Но луѓето кон тоа се однесуваат прилично цинично, вклучувајќи ги и десничарите кои ионака се за анексија. Тие вела: па тој е премиер последните 13 години, зошто до сега не го направи тоа? Зошто одеднаш сега, седум дена пред изборите, постои таа историска прилика?“, ги опишува реакциите во Израел новинарот на Харец Аншел Фефер.

Политичките противници на Нетанјахи од левиот центар тужбата која му се заканува ја претворија во предизборна тема. „Израелците се предолго жртви на корумпираниот режим“, вели Став Шафир, поранешен пратеник на Работничката партија, а сега втор човек на новоформираната Демократска унија. Тој вели дека е неопходно да се победи десничарскиот табор бидејќи е „сѐ порадикален, а станува екстремистички и сѐ повеќе расистички“.

Вистинската кампања почнува ден по изборите. Анкетите покажуваат различни резултати за тоа која коалиција би можела да дојде на власт во Израел.

Неодамна објавената анкета на Израелскиот институт за демократија покажа дека 39 отсто од Евреите сакаат влада на национално единство која би ја направиле Ликуд и Сино-белата партија.

Но, друга анкета покажува дека 38 отсто би сакале коалиција на десните и ултра-ортодоксните партии, а само 21 отсто голема коалиција составена од Ликуд и Сино-белата партија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе