Избори во Белорусија – почеток на крајот на последниот европски диктатор?

Александар Лукашенко се наоѓа под притисок под каков не бил досега, пишува Гардијан. Во последните недели во белорусија се случија речиси неверојатни настани. Беше одржан опозициски протест како што не е виден од падот на Советскиот Сојуз, уапсени беа 33 руски платеници наводно испратени во земјата да ја дестабилизираат. А откако со месеци ја минимализираше епидемијата на коронавирусот, Лукашенко призна дека е позитивен на вирусот.

EPA-EFE

Лукашенко владее со Белорусија веќе 25 години

Веројатно Лукашенко, кој е претседател веќе 25 години, повторно ќе победи на изборите кои се одржуваат на 9 август и така ќе остане на челото на Белорусија. Но, се наоѓа во одбранбен став, соочен е со енергична опозиција и се најде среде напад на Русија поради економската интеграција од една страна и западот поради човековите права од друга страна. Се наоѓа во најнесигурниот момент од својата кариера.

„За првпат Лукашенко води војна на три фронта“, вели за Гардијан Александер Федута, политички аналитичар кој му помагаше на Лукашенко во деведесеттите.

„Не знае каде да се сврти. Дури и ако победи на изборите во недела, овие битки ќе го следат во неговиот шести мандат“, вели тој.

Лукашенко помина една недела посетувајќи воени бази

Набутан во ќош, белорускиот лидер неделава ја помина посетувајќи воени бази и трупи за сузбивање протести зборувајќи им дека „не смеат да дозволат“ улични протести. Државната телевизија прикажа снимка на водени топови насочени кон демонстрантте.

Опозициските собири привлекуваат илјадници луѓе

Тоа е јасна порака до опозицијата да размисли двапати околу доведување во прашање на изборните резултати. Но вообичаените тактики на заплашување малку постигнаа во спречувањето на опозициските собири кои привлекоа илјадници луѓе дури и во помалите градови кои инаку силно го поддржуваат владејачкиот претседател.

„Целта на тоа е да се заплашат граѓаните на Белорусија да не протестираат. Но не успева. Колку повеќе сака да ги уплаши, толку повеќе го постигнува спротивниот ефект. Во моментов се обидува сите да ги увери дека ќе отвори оган. Ако нема пукање, тоа значи дека е слаб. Но ако се припука, тоа ќе биде неговата политичка смрт“, вели Федута.

Светлана Тикановскаја, кандидатката на обединетата опозиција, им кажа на новинарите дека нема да повикува на озбори, но дека ќе се одѕве ако дојде до нив. Таа се согласи да се кандидира во име на својот сопруг Сергеј Тикановски, популарен јутјубер кого властите го затворија. Нејзината кампања е едноставна: ослободете ги политичките затвореници и овозможете нови слободни и чесни избори.

Виктор Бабарико, опозицискиот кандидат кој е затворен и сега му е забрането да учествува на изборите, кажа во едно интервју пред апсењето дека се надева дека нема да дојде до насилство, луѓето се гневни.

Сѐ повеќе луѓе ги посетуваат опозициските митинзи

Бројот на опозициските митинзи и луѓето кои ги посетуваат растат од ден во ден. На 19 јули во Минск на еден таков митинг дојдоа околу 10.000 луѓе. 11 дена на истото место се појавија 63.000 демонстранти, според проценката на организацијата за човекови права Вјасна. Тој протест беше најголемиот од падот на Советскиот Сојуз.

„Мислите дека не се плашам? Се плашам секој ден. Но станувам, собирам сила, го надминувам стравот и одам напред“, им порача Тикановскаја на демонстрантите.

Изборна анкета на државната телвизија покажа дека Лукашенко победува во првиот круг

Истражувањето на јавното мислење во Белорусија е под силна контрола и единствената објавена анкета за изборите која ја објави државната телвизија покажа дека Лукашенко ќе победи со 72,3 отсто од гласовите. Една друга анкета која ја спровел опозициски медиум и кружи по социјалните мрежи покажува дека ќе има втор круг.

Во недостиг на веродостојни анкети, предвидувањата зависат од анегдотални докази за броењето демонстранти. Опозициските лидери тврдат дека Лукашенко изгубил голем дел од поддршката поради неговите изјави за пандемијата на коронавирусот и исцрпеноста од водењето на земјата.

„Долго време на него се гледаше како на силен лидер. А сега во неговата 65-та година преовладува мислењето дека е време да се пензионира“, вели Марија Колесникова, која ја водеше прекинатата кампања на Барбарк и сега застана зад Тикановскаја.

Лукашенко ги залади односите со традиционалниот партнер Русија

И додека Лукашенко повторно би можел да се сврти кон својот традиционален сојузник Русија во потрага за поддршка, односните на двете земји се заладени. Препирката е околу рускиот план да ги интегрира економиите на двете земји. Лукашенко го обвини Владимир Путин дека создава економски притисок врз него и дека ги поддржува неговите противници во кампањата.

Белорусија ја обвини Русија за обид за дестабилизација

Во ескалацијата на тензиите меѓу двете земји, Белорусија обвини 33 руски платеници кои беа уапсени покрај Минск дека подготвуваат терористички напад со кој пред изборите би се дестабилизирала земјата. Москва побара враќање на своите државјани и ги засили контролите на границата.

Аналитичарите тврдат дека Лукашенко најверојатно ќе ги пушти платениците по изборите, но дека засега сака да ги задржи за да ја истакне во јавноста заканата од интервенциите од Москва.

„Лукашенко мора да прикаже дека ако постојат протести против изборите дека тие се инспирирани од Русија“, вели Федута.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе