Италијанската влада сака да го укине ДДВ на лебот, млекото и тестенините на една година

Новиот буџет на италијанската влада на десничарката Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон зауздување на цените на енергијата. За нацрт буџетот во италијанскиот парламент ќе се расправа утре, а во него се предлага и укинување на ДДВ на лебот, млекото и тестенините во траење од една година.

EPA-EFE

Со овој потег италијанската влада се обидува да испрати порака дека во текот на кризата води грижа и за најсиромашните граѓани, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека станува збор за популистички и многу општ предлог кој не цели на најсиромашните, туку е насочен и на најбогатите.

Кодаконс, италијанската организација за заштита на околината и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Наведуваат дека намалувањето на ДДВ на лебот и млекото би произвело минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пренесува италијанскиот портал Анса.

Според податоците на италијанскиот Национален завод за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши сума од 261,72 евра на леб, 140,40 евра на тестенини и 142,08 евра на млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштита е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.

„Намалувањето ан ДДВ на леб, тестенини и млеко е медиумска мерка која не носи реална корист за потрошувачите. Ако владата навистина сака да го поддржи трошењето на домаќинствата и да се бори против негативните ефекти на инфлацијата, треба да се намали ДДВ на сите прехранбени производи и основни продукти.

Тоа е интервенција која би довела до просечно годишно заштедување од 180 евра за двојка без деца и над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете“, кажа за Анса шефот на италијанското здружение на потрошувачи Карло Риенци.

Со најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ни пекарите во Италија. Фабрицио Рошоло е сопственик на пекарница и е загрижен за своите 18 вработени. Големите трошоци за материјали, состојки и енергија веќе го натерале да го поскапи лебот за 12 отсто.

„Во само една година нашата месечна сметка за гас порасна од 1.200 евра на 5.500 или речиси 6.000 евра, а сметката за струја од 1.500 евра на 5.700 евра. Имаме само две печки, едната работи на струја, другата на гас. Моравме да ја исклучиме електричната печка бидејќи сметката беше прескапа“, вели тој за Јуроњуз.

За предложената мерка од буџетот да дејствува, пекарите цената на лебот би морале да ја снижат за речиси четири отсто, и покрај растот на трошоците и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали ДДВ на струјата и гасот.

Исто така, сметаат дека треба да се обнови исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на претходниот италијанскиот премиер Марио Драги. Наведуваат дека така може конкретно да им се помогне на најзагрозените граѓани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе