Поради длабоката економска криза

Италијанците поради кризата го продаваат златото

Масимилијано Барота вели дека нагло пораснал бројот на муштериите кои доаѓаат во неговиот дуќан во Рим да продадат злато. Тоа е доказ за длабоката економска криза во која паднаа Италијанците поради мерките за сузбивање на епидемијата на ковид-19, пишува Ројтерс.

EPA-EFE

Осумнеделната блокада постепено се ублажува од 4 мај, но ја фрли економијата на колена. Компаниите се притиснати од долгови, а се појавија десетици илјади нови невработени, додава британската агенција. Европската комисија очекува пад на италијанската економија за речиси десет отсто оваа година.

„Забележавме зголемување од околу 50 отсто во нашите продавници за злато од приватни муштерии годинава, особено во последните две недели“, вели Барота, менаџер на три продавници Компро оро (Купувам злато).

Златарниците, кои ги има околу шест илјади низ земјата, никнуваа со голема брзина за време на најдлабоката италијанска рецесија во 2012, кога граѓаните, борејќи се да преживеат, продаваа сѐ, од бурми до златни заби, пишува Ројтерс.

Меѓутоа, тие не се единствената опција за Италијанците тешко погодени од кризата. Заложувалниците, во кои луѓето продаваат ситнурии или ги користат како гаранција за заеми, се многу помалку распространети, но и во нив трговијата е динамична.

„И понатаму ја отплаќам куќата во која живеам со сопругата. Животот е скап, хипотеката е висока, што да правиме?“, вели пензионерот Назарено Буки, додека излегува од заложувалница на централниот римски плоштад Монте ди Пиета.

Ројтерс пишува дека златото, кое се смета за сигурен имот во време на нестабилност, исто така и поприлично се купува во последно време, што предизвика пораст на неговата вредност.

Барота вели дека во последните два месеци побарувачката за златни прачки и монети во неговата продавница, која продолжила да работи онлајн за време на изолацијата, пораснала за 50 отсто во однос на минатата година, иако цената за еден грам пораснала за 25 отсто од декември.

Италијанец кој вложил во злато за време на минатиот месец, кој сакал да остане анонимен, кажа за Ројтерс дека купил неколку монети од Британската кралска ковачница.

„Ги купив овие монети по цена од околу 1.100 евра. Сега чинат 1.700“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе