Истражување: Универзалниот основен доход ги прави луѓето посреќни и ја поттикнува вработеноста

Резултатите на најопсежната глобална студија за универзалниот основен доход покажуваат дека таквиот општествен механизам ја подобрува менталната и финансиската добросостојба на корисникот, но и ја намалува невработеноста.

EPA-EFE

Финска во 2017 и 2018 година спроведе двегодишна студија на основниот доход за време на која им даваше месечни примања на 2.000 невработени лица на возраст меѓу 25 и 58 години. Истражуваните на месечна база безусловно добивале по 560 евра, со тоа што тој износ не се намалувал ако поединецот добиел вработување или зголемување на платата.

Мика Јикано од финскиот Завод за социјално осигирување минатата недела ги објави резултатите на студијата, пишува Њу сајентист.

Експертите за време на истражувањето ги споредиле периодите на вработеност и општа добросостојба на примателот на универзалниот основен доход со контролна група од 173.000 луѓе кои примале надомест за невработени.

Помеѓу ноември 2017 и октомври 2018 година, лицата кои примале универзален доход работеле во просек 78 дена, што е шест дена повеќе од оние кои примале надомест за невработени. Поголемо ниво на вработеност особено е забележано кај семејствата со деца, како и кај оние на кои финскиот и шведскиот не им се мајчини јазици, но истражувачите сѐ уште не се сигурни зошто е тоа така.

За време на студијата, луѓето кои примале универзален основен доход наместо редовните надомести за невработени известиле за подобра финансиска добросостојба, ментално здравје и когнитивно функционирање, како и за повисоко ниво на верување во подобра иднина.

На прашањето дали може основниот доход да им помогне на луѓето при тешки економски фази како за време на пандемијата на коронавирусот, Јикано одговори дека таквиот чекор сигурно на некое време би го ублажил стресниот период.

„Мислам дека тоа би им пружило безбедност на граѓаните во многу несигурни ситуации, кога не знаат дали ќе ја изгубат работата“, кажа таа.

Она што е особено интересно е што наодите на студијата укажуваат дека универзалниот доход не ја дестимулира желбата за работа. Меѓутоа, јаснот ефект на универзалниот доход не бил толку препознатлив поради новиот закон (активациски модел) кој финската влада го воведе на почетокот на 2018 година, а со кој ги заостри условите за пристап до надоместот за невработени.

„Како што минуваше времето, на експертите им стана тешко да ги разделат ефектите на експериментот со основиот доход од промената на политиката на добивање надомест. Затоа можеме само да кажеме дека ефектот на подобрата вработеност беше заеднички резултат на експериментот со универзалниот доход и активацискиот модел“, кажа Јикано.

„Парите играат улога, но сами по себе не се доволни за поттикнување или понуда или побарувачка на работна сила“, заклучи таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе