„Без преседан во човечката историја“

Истражување покажа дека нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би однела 125 милиони животи

Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би можела да однесе и до 125 милиони човечки животи за само неколку дена, пренесува Раша тудеј.

Таа бројка би го надминала вкупниот број жртви во Втората светска војна и би предизвикала раздор на целата животна средина, покажува нова научна студија.

Научното истражување објавено вчера во научниот магазин Сајенс адвансис предвидува голем број смртни случаи, бидејќи во случај на таков конфликт глобалната температура би можела да падне на ниво споредливо со последната ледена доба.

„Таквата војна не би ги загрозила само локациите на кои би биле фрлени бомбите, туку целиот свет“, вели коавторот на студијата и професор по науки од животната средна на универзитетот Руџерс, Алан Робок.

Секое детонирано нуклеарно оружје би можело да збрише дури 700.000 човечки животи, утврдила компјутерска симулација на студијата, додека експлозиите би можеле да исфрлат толку чад и прашина во атмосферата што тоа би предизвикало „нуклеарна зима“, што би довело до нагло паѓање на температурата, уништување на жетвите и на крајот до масовно гладување.

„Ова е војна без преседан во човештвото“, кажа главниот автор на студијата Брајан Тон, кој е еден од творците на поимот „нуклеарна зима“ како дел од тимот истражувачи во осумдесеттите години од дваесеттиот век.

Иако Индија и Пакистан во моментов имаат околу 300 парчиња нуклеарно оружје, студијата тврди дека до 2025 година таа бројка би можела да се качи до 500.

Тоа е годината за која истражувачите, според компјутерските симулации, предвидуваат дека би можела да избие оваа хипотетичка војна.

„Се надеваме дека Пакистан и Индија внимателно ќе ги разгледаат податоците од оваа студија“, кажа Тон.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе