Индија, земјата на делта-сојот, сега е успешна во борбата против ковид-19

Сликите на преполни болници во Индија пред кои лежат заразени со коронавирусот, бидејќи нема бесплатни болнички кревети за нив, сега се минато, бидејќи благодарение на сериозната програма за вакцинација и дисциплината на граѓаните, епидемиолошката состојба е под контрола.

Фото: ЕПА

Ова најдобро се илустрира со фактот дека дневно се регистрираат само двоцифрен број заразени лица во главниот град, мултимилионскиот Њу Делхи, а пред неколку дена се одбележуваше роденденот на премиерот Нарендра Моди и во текот на тој ден во Индија беа вакцинирани дури 2,5 милиони луѓе.

Граѓаните на оваа земја, од која потекна делта-сојот, кој сега доминира во Европа, имаат на располагање неколку вакцини од различни производители, кои се бесплатни.

Но освен дадената можност, тие имаат, можеби, нешто уште поважно - свесност дека вакцинацијата е единствениот начин да му се стави крај на коронавирусот, така што огромното мнозинство граѓани веќе се вакцинирани.

Покрај тоа, тие се многу дисциплинирани, па ги почитуваат прилично строгите мерки што се применуваат во земјата, меѓу кои е носењето маска и на отворено и во затворен простор и држењето дистанца.

Оваа дисциплина може да се види на секој чекор - на пример во сообраќајот, кој во Делхи е доста хаотичен и густ, во автомобилите на луѓето, кои носат маски додека се возат, сами или во друштво, па дури ни во традиционалното возило „тук-тук“ не може да се видат ниту возачи ниту патници без маска.

Очигледно е дека збирот на преземените мерки со сериозната имплементација на програмата за вакцинација ја доведе Индија во оваа ситуација, па затоа се очекува дека сѐ ќе биде ставено под целосна контрола во наредниот период.

Кога беа воведени строги мерки, властите мораа да ги спроведуваат со казни, а во некои беше вклучен и ќотек со долг бамбусов стап.

Сега, тој што не носи маска на улица ќе се соочи со казна од 2.000 рупии, што е околу 20 евра, бројка што е, сепак, огромна за просечниот Индиец.

Граѓаните на Делхи во разговор со новинарот на Танјуг велат дека се уверени дека вакцинацијата е од клучно значење.

Еден од нив вели дека вакцината е единственото решение, бидејќи нема друг лек.

„Индиската влада нуди бесплатни вакцини, а ситуацијата сега е подобра од порано. Немаме карантин, луѓето се движат по улица, ние си ја работиме работата, полека се опоравуваме од тоа“, вели еден помлад Индиец, кој исто така со маска на лицето стои пред својата продавница.

Со него се согласува и неговиот постар сосед, кој предупредува дека помладите треба да внимаваат, да држат дистанца, да носат маски, додека властите го прават најдоброто што можат за граѓаните.

Тој забележува дека, како што се подобрувала ситуацијата, свесноста за епидемиолошките мерки „малку опаднала“.

„Не требаше да мислиме дека короната исчезна, бидејќи таа не исчезна. Треба да се држи дистанца, да се носат маски и сите да се вакцинираат. Тоа е сѐ што можеме да направиме“, вели тој.

И друг нивен сограѓанин вели дека немало дилема дали да се вакцинираат, бидејќи, додава, секој сака да биде безбеден.

„Мораме да ги почитуваме правилата. Сега се чувствувам безбедно, по вакцинацијата, но сепак треба да бидеме внимателни“, вели овој Индиец.

Ставањето под контрола на епидемиолошката ситуација, и покрај делта-сојот, изгледа како вистинско чудо, бидејќи е забележливо дека во Индија, особено на улиците, хигиената не е на завидно ниво.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе