Индекс: Хрватска сѐ повеќе паѓа под руско влијание

Во последните денови почнаа интензивни шпекулации за јакнењето на руското влијание во Хрватска, а како последица на тоа и во Европската Унија, пишува Војислав Мазоко за загрепскиот портал Индекс.

Тој наведува дека Русија со една нога влегла во Унгарија благодарение на Виктор Орбан, за чии палавштини ЕУ има сѐ помалку трпение, па е присилен да бара нови сојузници. Русите, нормално, секогаш се заинтересирани и со другата нога да стапнат на територијата на ЕУ, а изгледа дека во Хрватска им е отворена вратата.

Има три клучни моменти низ кои може да се препознае јакнењето на руското влијание во Хрватска, се наведува во текстот.

Последниот се случи пред неколку дена кога Првото гасно друштво (ППД) купи 6,4 отсто акции на групата Фортенова, наследничката на Агрокор. За компанијата веќе со години се зборува дека зад неа стои руски капитал, а дури и ако тоа не е точно, Русите преку неа имаат големо влијание врз хрватскиот енергетски сектор. Првото гасно друштво гасот од купува од Русите и со нив има потпишано долгорочни договори, а за само неколку години успеа да заземе најголем дел од хрватскиот пазар. Хрватска е веќе зависна од гасот на ППД, а сега на голема врата влегуваат и во многу важниот сектор на производство и трговија со храна.

На руското преземање на секторот на храна предупредува и поранешниот сопственик на Агрокор, сегашна Фортенова, Ивица Тодориќ. Минатата недела тој цела конференција за медиумите ја искористи за да го обвини премиерот Андреј Пленковиќ за соработка и попуштање пред Русите. Иако Тодориќ, покрај другото и поради своите сериозни проблеми со законот, не е најдоверливата личност, неговите тврдења за тоа дека руски банки во Фортенова добиле несразмерно голем удел во сопственоста треба да се сфатат сериозно.

Тодориќ тврди дека Русите требало да добијат повеќекратно помалку бидејќи долговите кон домашните доставувачи и банките биле многу поголеми отколку кон Русите. Но Тодориќ тврди дека Агрокор не бил во никакви проблеми, па неговите зборови треба да се земат со резерва. Факт е сепак дека Русите завладеаја со најголемиот хрватски малопродажен синџир и дека контролираат и значителен дел од производството што го имаше Агрокор, а со влегувањето на ППД нивното влијание е уште поголемо.

На третиот настан важен за ширењето на руското влијание предупредува Теодор Карасик, безбедносен експерт од институтот Лексингтон и поранешен соработник на аналитичката група РАНД. Во написот за Јуроњуз Карасик ја поврзува пресудата на Иво Санадер во случајот Ина-МОЛ со Русите. Според анализата која со соработници ја изработил Каи Амбос, поранешниот хашки судија, а подоцна советник на адвокатските тимови на Анте Готовина и Иван Чермак, судењето на Санадер не било чесно. И било, како што тврди тој, под руско влијание.

Сомнително им е тоа што целосна доверба му е дадена на Роберт Јежиќ, чии сведочења биле прикажани како неверодостојни на арбитражните судови, а кој и самиот има интереси поврзани со рускиот енергетски сектор. За време на судењето сведоци дури тврделе дека петте милиони евра на сметката на Јежиќ не дошле од МОЛ, туку од Русите како награда за лобирање за одамна замрениот проект Дружба Адриа. Сите тие тврдења судот речиси без разгледување ги отфрлил и му поверувал на Јежиќ.

Накратко, тој извештај донесува алармантни докази за корумпираноста на хрватското судство под сѐ поголемото руско влијание“, заклучил Каи Амбос.

Како шлаг на крајот дојде телефонскиот повик на рускиот претседател Владимир Путин на избраниот претседател Зоран Милановиќ. Со куртоазна честитка соодветна пред инаугурацијата, Путин го покани Милановиќ на прославата на Денот на победата во Москва, а таквите покани не се даваат без врска, се заклучува во анализата на Индекс.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе