Пресврт

Иднината на ирачката нафта e во руски раце

Руските компании веќе се значително застапени меѓу нафтените компании во Ирак.

И покрај непрекинатите протести во Багдад и заминувањето на бројни странски дипломати од безбедносни причини, силата на Русија во регионот и понатаму се зголемува, пишува Ал џезира.

Не само што нејзината амбасада остана отворена за време на последните недели на немирите, туку и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатиот месец беше во посета најпрво на Багдад, а потоа на Ербил.

Неговата турнеја не личеше на вообичаена дипломатска мисија, бидејќи не беа потпишани никакви формални договори, а политиката или прашањето на Сирија или тероризмот не беа во фокусот на интересот, пишуваат Вера Миронова и Мохамед Хусен во текстот објавен во американски Форин полиси.

Всушност, повеќето учесници беа бизнисмени, вклучувајќи ги претставниците на руските нафтени и гасни компании како Газпромнефт, Роснефт, Сојузнефтегаз и Лукоил, пренесува Ал џезира.

„За време на средбата разговаравме само за билатералните трговски односи, а Русите сакаа да бидат сигурни дека сѐ оди како што треба кога станува збор за проектите на руските енергетски компании во Ирак“, изјави извор близок на ирачкиот премиер, кој побара да остане анонимен.

Не би требало да биде изненадување тоа што, откако во изминаитте девет години беа вложени повеќе од десет милијарди долари во ирачкиот енергетски сектор, интересот на Русија во таа земја е главно фокусиран на трговските прашања.

Руските компании се веќе добро застапени меѓу нафтените компании во Ирак, а поради долгорочната природа на договорите за нафта и гас, пазарниот дел на Русија со време само ќе се зголемува.

Останатите договори од 2011 година опфаќаат 2,5 милијарди долари инвестиции на Газпром и неговите партнери само во централен Ирак и регионот Курдистан.

Покрај тоа, компанијата Газпром произведе околу три милиони барели нафта од полето Саркала во Гамијан и почна неколку истражувачки проекти на полињата Халабја и Шакал.

Во септември руската компанија Стројтрансгаз доби договор на 34 години за истражување нафта и гас во ирачката провинција Анбар.

Според изворот од кабинетот на ирачкиот премиер, Лавров за време на посетата особено му се заблагодари на Ирак на тој договор.

Авторите истакнуваат во текстот дека Русија не ја интересираат само нафтените полиња, имајќи предвид дека Роснефт е сопственик на 60 отсто од нафтоводот Курдистан, главната оперативна извозна линија на Ирак.

Во пролетта 2018 Роснефт, најави и потпишување договор со министерството за природни ресурси на регионот Курдистан за развој на неговата нафтена и гасна инфраструктура, вклучувајќи и изградба на нов гасовод, за кој се очекува дека ќе има извозен капацитет до 30 милијарди кубни метри гас годишно, што е шест отсто од вкупната побарувачка за гас во Европа.

„Благодарение на овој договор, Русија стекна голема политичка моќ во Ирак. Нафтата претставува 96 отсто од ирачкиот извоз, но без цевки за извоз таа нафта станува безвредна за оваа земја. Значи, Русија денес всушност го контролира извозниот процес“, изјави во ноември анонимен ирачки политичар.

По падот на режимот на Садам Хусеин во 2003 година и по окупацијата на Ирак, руските компании главно беа отсутни од сцената.

Сето тоа се смени со порастот на секташките судири во 2009, бидејќи голем број западни компании (како Ексон мобајл и Шеврон) делимно или целосно го напуштија регионот поради безбедносните ризици. Нивното место го заземаа руските компании кои се спремни на ризик.

Всушност, влегувањето на Русија во Ирак беше дочекано со добредојде.

„Во тоа време немаше потреба од Русите, поради силното американско присуство и поддршка во регионот“, изјави еден од лидерите на курдистанската влада.

„Подоцна, кога курдските лидери се разочараа во Американците, Русите ги гледаа како доста посилни и понаклонети. Во Курдистан постоеше силно мислење дека трговски договор со Русите ќе донесе и многу други, политички и безбедносни придобивки“.

Одделни компании кои ја развуваат ирачката нафта, вклучувајќи г Газпром и Роснефт, се наоѓаат под американски санкции, бидејќи се доведуваат во врска со анексијата на Крим и вмешаноста на Русија во конфликтот на истокот на Украина, што не ги загрижува ирачките функционери.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите Американски Држави се и понатаму ангажирани во нафтениот сектор на регионот. Трамп, на пример, за време на средбата со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган кажа: „Ја чуваме нафтата, ја имаме нафтата. Нафтата е безбедна“.

Меѓутоа, наскоро дури и доларот би можел да го загуби своето место во трговијата, имајќи предвид дека Ирак и Русија разговараат за тоа плаќањето да се одвива само во руската рубља или ирачкиот динар, наместо во американски долари, со што би се избегнала каква било интеракција со американскиот систем.

Авторите истакнуваат дека руската контрола врз нафтата во Ирак и во Сирија не е само долгорочен економски удар за Соединетите Држави, туку и политички.

Нафтата е главната валута во овие две држави, а оној што ќе ја контролира ќе има клучна улога во одредувањето на геополитиката во регионот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе