Хрватските медиуми за српското вооружување: „Го искористија нашиот тајм аут“

Пристигнувањето на ракетните системи С-400 и панцир-С1 на воената вежба „Словенско братство 2019“ во Србија ги вознемири хрватската јавност и медиумите.

Најдалеку во критиките отиде Вечерњи лист кој тврди дека САД внимателно проценуваат какво оружје треба Хрватска да набави.

Пред неколку дена американската владина агенција ДСЦА му предложи на Конгресот на Хрватска да ѝ одобри набавка на нови транспортни хеликоптери УХ-60М „блекхок“, со објаснување дека тоа нема да ја измени основната воена рамнотежа во регионот.

„Имајќи предвид дека Хрватска нема проблеми со „воената рамнотежа“ со Унгарија, Романија, Бугарија и Словенија, како членки на НАТО, или БиХ, Црна Гора и Македонија, очигледно е дека тоа мерење на воената рамнотежа се однесува на мерењето со Србија“, пишува Давор Иванковиќ во кулмата и додава дека државата нема такви проблеми кога станива збор за други видови вооружување.

Се наведува дека сега е појасно зошто пред четири години беше прекината приказната за испорака на американски повеќецевни ракетни лансери М270МЛРС, што го договараше тогашниот министер за одбрана Анте Котромановиќ.

„Штом беше спомнато дека неколку лансери од тие 16 ќе можат да носат и ракети со дострел од 300 километри, се јави Александар Вучиќ и ја испрати пораката „или тие ќе се откажат од тоа или ние ќе мора да најдеме одговор на тоа“. Таа порака и вештата дипломатија на Србија очигледно успеаја да ја блокираат испораката на појакото оружје на Хрватска“, наведува Иванковиќ.

Тој додава дека неколку години подоцна Хрватска со Израел веќе успеа да ја договори испораката на Ф-16 „барак“, но дека САД во последен момент ја сопреа зделката за авионите.

„И беше во право тогашниот министер за одбрана Дамир Крсичевиќ кога, за жал, избрзано зборуваше за тоа дека со „песнаесетките“ хрватското воено воздухопловство ќе биде надмоќно во споредба со кој било борбен авион во соседството. Но во меѓувреме Србија го искористи тој наш тајм аут и доби, купи или разви оружја со кои може да им парира на најавените хрватски воени набавки, а кои не се ни случија“, пишува тој.

Како што оценува, во последните три години рамнотежата меѓу Хрватска и Србија е разнишана, па така сега Србија поседува и ракетни проектили со долг дострел, разви и сопствена „балистичка ракета“ со дострел од 300 километри, од Русите и Белорусите доби една и пол ескадрила МиГ-29, а сега и најмодерниот противавионски систем панцир-С1 за мали и средни височини.

„По иснталирањето на рускиот панцир-С1, Хрватска може да заборави на употребата на хеликоптерите „киова“ и „блекхок“ и сѐ што имаме од авионска поддршка“, пишува Иванковиќ и додава дека е општо познати дека на Хрватска ѝ недостига целосен систем за одбрана на воздушниот простор.

„И како во светлото на тие факти да се сфати тоа што нашиот клучен воен партнер, САД, нѐ кочи во набавката на оперативни воени системи кои би ни овозможиле самостојност во одбраната на воздушниот простор и териториите“, прашува Иванковиќ.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе