„Во земјата од каде доаѓа 99,9945 отсто од населението го немаат вирусот“

Хрватски научник: Шансата да умрете од корнавирусот е многу мала

Игор Штагљар, хрватски научник од Универзитетот во Торонто, напиша на Фејсбук статус за коронавирусот во бројки, со кој објасни колку е вирусот опасен и заразен, пренесува Вечерњи лист.

Тој почнува со податокот за тоа како Светската здравствена организација објави дека има 79.300 вкупно заразени со вирусот Ковид-19. Од тоа повеќето, дури 77.000 во Кина, од кои пак има најмногу заразени во Вухан.

„Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од горе наведените 77.000 заразени сите се во Вухан. 77.000/11.000.000=0,007х100-0,7. Значи, 0,7 отсто од жителите на Вухан се заразени, а 99,3 отсто жители не тој град го немаат вирусот. Зборувам за градот од кој почна епидемијата!

Значи, да не заборавиме дека над 10.000 луѓе во меѓувреме го преболеа вирусот. Значи моменталната бројка на заболени не е 79.300 туку 79.300-10.000 излечени (и минус 2.500 умрени) односно во моментов има многу под 70.999 заразени, а не 79.300.

Но што е со смртноста од коронавирусот?

Ако сте постари од 80 години, а сте заразени со Ковид-19 вирусот, шансата да умрете е 14,8 отсто. Што повторно имплицира дека 85,2 отсто од луѓето ќе оздрават. Ако сте стари меѓу 50 и 60 години, пак, имате 1,3 отсто шанси да умрете ако сте заразени со вирусот.

За помладите од 40 години шансата е 0,2 отсто, значи 99,8 отсто помлади од 40 години кои ќе се заразат ќе оздрават.

И тука е цаката: тоа е само ако се инфицирате со коронавирусот!

Шансата да се заразите, врз основа на речиси тримесечната епидемија на изворот на заразата во Вухан е само 0,7 отсто.

Значи 99,3 отсто се шансите вирусот никогаш да не стигне до вас. Дури на тие 0,7 отсто одат процентите, па така ако имате 85 години, имате 0,7 отсто шанси воопшто да се заразите, па ако се заразите, имате уште 14,8 отсто шанси да умрете од него, односно вкупно имате 0,103 отсто шанси да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е дури 99,897 отсто.

За еден 45-годишник, тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 дека ќе го убие коронавирусот. А 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умре од овој вирус е 0,0014 отсто. А дека нема да умре е 99,9986 отсто. Пазете, тоа е 0,7 отсто воопшто да го добиете и 0,2 отсто да умрете од него, ако сте помлади од 40 години.

Покрај тоа, Кина има вкупно 1.286.000.000 жители. Заразени се 77.000 на 1,4 милијарди Кинези, што е само 0,0055 отсто од сите Кинези. Тоа значи дека во земјата од каде доаѓа вирусот 99,9945 отсто жители ГО НЕМААТ вирусот и дека, ако соберете 10.000 Кинези, пет ќе имаат вирус а 9.995 ќе го немаат. Ете колку е вирусот навистина заразен“, напиша Штагљар на својот фејсбук профил.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе