Хрватска втора во ЕУ по емиграција, ја напушта секој петти граѓанин

Хрватска, по Малта, има најголема стапка на емиграција во Европската Унија, покажува најновиот извештај на Светската банка.

Во извештајот наречен „Миграциите и одливот на мозоци во Европа и Централна Азија“ се наведува дека Хрватска досега ја напуштиле 21,0 отсто од населението, односно петтина од граѓаните кои се родиле во таа земја сега живеат надвор од неа.

Зад Хрватска се Португалија и Литванија кои ги напуштиле над 20 отсто од популацијата, високата стапка на емиграција претставува повеќекратен проблем за многу земји, особено во смисла на одливот на мозоци.

Стапката на отселување на високо квалификувани работници е особено висока во некои од земјите од Балканот и Источна Европа, во кои има ниски приходи. Така високообразованите лица се дури 55 отсто од вкупниот број емигранти од БиХ, над 40 отсто во Ерменија и Летонија, а речиси 40 отсто во Албанија. Во Хрватска одливот на мозоци е помал отколку во тие земји, но сепак значително висок – околу 27 отсто.

Две ретини од сите емигранти во светот завршуваат во економски развиените земји од Северна Америка, или Западна и Источна Европа. Уделот на емигрантите во западноевропските земји особено порасна во последните четири децении.

Во голем дел од Западна Европа и Соединетите Американски Држави уделот на емигранти меѓу домашното население се приближува на бројката од 15 отсто, што е околу четири пати повеќе од светскиот просек.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе