Хрватска изгубила речиси 10 отсто од населението, Словенци има повеќе отколку пред десет години

Хрватска падна на помалку од 3,9 милиони жители, според конечните резултати од пописот на населението од 2021 година.

EPA-EFE

Според минатогодишниот попис, Хрватска има 3.871.833 жители. Во однос на пописот од 2011, бројот на жители се намалил за 413.056 лица, или 9,6 отсто.

Ако се погледнат податоците од 1991, односно од почетокот на хрватската независност, трендот е уште поизразен. За триесет години падот е константен, а Хрватска изгубила точно 912.432 жители, што е повеќе од целото население на Загреб.

Од друга страна, Словенија бележи пораст на бројот на жители. Пред десет години имало 2.050.189 Словенци, додека сега ги има 2.108.977, што е раст од речиси 58 илјади луѓе, односно 2,1 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе