Медиумите и полицијата ја предупредуваат владата

Холандија се претвора во наркодржава: Убиството на адвокатот како ликвидациите во времето на Ескобар

Адвокатите и обвинителите во големите случаи против наркобосовите во Холандија добија полициска заштита откако по убиството на водечкиот адвокат на одбраната полицијата и медиумите соопптија дека наивноста на владата ја претвора земјата во наркодржава.

Дерк Вирсум беше убиен на улица додека излегувал од неговата куќа во предградие на Амстердам во средата наутро.

44-годишниот Вирсум го застапувал Набил Бакали, сведок соработник во случајот против 16 мажи обвинети за пет убиства во периодот од 2015 до 2017, чиј брат бил убиен минатата година набрзо откако властите го именуваа Бакали како сведок, пишува Гардијан.

Холандските медиуми го споредуваат убиството на Вирсум со мафијашките ликвидации на истражителите во Италија во 1990-тите или со беззаконието во Колумбија во времето на наркобосот Пабло Ескобар.

Водечкиот полициски синдикат соопшти дека ситуацијата излегла од контрола.

„Ова е потврда дека живееме во наркодржава“, кажа Јан Стриус од НПБ синдикатот, кој минатата година ги предупредуваше владата и политичарите дека ги потценуваат размерите на организираниот криминал во земјата.

Весникот АД објави дека убиството на адвокатот претставува почеток на „нова, мрачна фаза“ во државата, додавајќи дека иако во Холандија „премиерот и понатаму оди со велосипед на работа“, а адвокатите, судиите и обвинителите „низ животот одат без заштита, подземјето го засилило својот стисок над површината“.

Весникот наведува дека и покрај државните пари и соопштенијата, властите „сѐ уште не ги сфаќаат размерите на заканата“, поради што полициските и правосудните функционери се препуштени „на милоста на наркодржавата над која власта нема контрола“.

Весникот НРЦ Хандесблат објави дека Холандија е „наивна“ во пристапот кон дрогите, наведувајќи изјави на полициски функционери и неименувани извори од светот на дрогата, особено во Колумбија, кои тврдат дека таа држава „е логистички центар на трговијата со кокаин во западна Европа“.

Весникот пишува дека врз основа на 70.000 килограми кокаин запленети во пристаништата Антверпен и Ротердам во 2018 година, може да се заклучи дека најмалку 200.000 килограми успешно се внесени во Холандија со проценета вредност од пет милијарди евра.

НРЦ пишува и дека е дискутабилно дали властите се целосно свесни за размерот на влијакнието кое толкава сума пари може да го има врз холандското општество. „Едноставно кажано, толкави пари купуваат сѐ – автомобили, убави куќи, но и платени убијци и корумпирани функционери“.

Истражувачкиот новинар Џон ван Хевел, кој добил полициска заштита кога известувал за холандските банди, кажа за државното радио дека е „исклучително загрижен поради начинот на кој организираниот криминал се потценува во Холандија. Од сѐ што искусив ова е навистина најлошо“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе