Владата ги поддржа локалните лаборатории и аптеки

Холандија им објави војна на фармацевтските гиганти

Во специјална лабораторија на медицинскиот центар Еразмус во Ротердам, Емар Томаса седи зад заштитно стакло додека внимателно мери и подготвува „лутециум октреотид“, интравенозна терапија за одредени видови канцер.

Оваа болница во Холандија им ја нуди оваа терапија на пациентите повеќе од десет години по цена од 16.000 евра за еден третман.

Фармацевтската компанија Новартис, која во 2018 година го стекна правото да го продава лекот во Европа, бара пет пати повеќе за својата верзија на лекот наречена „лутатера“.

Томаса е дел од војната против високите цени на лековите, која ја почна група холандски фармацевтски институции.

Три установи – Еразмус, Универзитетскиот медицински центар (УМЦ) во Амстердам и Трансвал во Хаг – решија да ги одминат производите на фармацевтските компании и самите прават терапии за неколку ретки болести, користејќи го правото да прават лекови по рецепт.

Холандскиот пазар е мал, со само неколку стотици пациенти со овие ретки заболувања. Меѓутоа, спорот е всушност дел од глобалната борба против високите цени на лековите која се води од Соединетите Американски Држави и Канада до Јапонија, а активистите велат дека здравствените експерти низ светот внимателно ја следат ситуацијата.

„Луѓето кои боледуваат од ретки болести зависат од лекови кои се толку скапи што не можат да си ги дозволат, а би можеле да бидат многу поевтини“, вели за Ројтерс фармацевтка од УМЦ Марлин Кемпер. „Фармацевтската индустрија има важна улога во развивањето квалитетни производи, но сметаме дека не е чесно компаниите толку многу да заработуваат на овие пациенти“.

Фармацевтите генерално се обучени да подготвуваат лекови по рецепт, но денес повеќето лекови ги произведуваат индустриските произведувачи.

Фармацевтските компании го отворија прашањето за безбедноста на направените лекови кои не се одобрени од европските регулатори. Меѓутоа, аптеките специјализирани за подготовка на лекови, кои имаат свои лаборатории, ја добија поддршката од холандската влада во рамки на напорите да се намалат цените на скапите лекови кои се во постојан пораст.

Универзитетскиот медицински центар минатата година од владата доби грант од пет милиони евра за програмата за подготвување лекови. Тие планираат парите да ги искористат за да основаат центар за размена на знаења и умешност со домашните и странски аптеки, наведува Ројтерс.

Фармацевтската индустрија, вклучувајќи ги шведскиот гигант Новартис и италијанската компанија Леадиант, тврди дека холандскиот државен надзор на подготовката на лекови не може да се спореди со европските стандарди кои тие ги применуваат.

Портпаролот на Леадиант тврди дека холандските пациенти кои патат од ретки болести се лекуваат со лекови кои не ги минале строгите тестови неопходни за одобрување што може да има „значителни последици“ по нивното здравје.

Извршниот директор на Новартис Вас Нарасиман кажа за британската агенција дека цената која неговата компанија ја бара, на пример, за „лутатера“ е оправдана. Тој тврди дека е невозможно да е споредат лекувањата во Еразмус со терапијата со „лутатера“, која добила дозвола од надзорната агенција на Европската Унија со која се гарантира дека дејствува во согласност со формулата.

Ројтерс потсетува дека потенцијалните ризици од правењето лекови избиле на виделина во 2012 година во САД, каде пазар на правење лекови е можеби и најразвиен.

Тогаш беше откриено дека причината за епидемијата на менингитис, која однесе 60 жвиоти, е во контаминираните инјекции на стероиди кои ги прозивел Центарот за подготовка на лекови по рецепт на центарот Нова Англија, кој тогаш беше под надзор на државните регулатори на Масачусетс.

Во рамки на светската акција против високите цени на лековите администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи соборувањето на цените на лековите кои се издаваат на рецепт за највисок приоритет.

Во Канада, лоби групите на фармацевтската индустрија понудија отстапки додека се обидуваат да ја спречат офанзивата на владата.

Во Јапонија, регулаторите размислуваат за спроведување на економски анализи за трошоците на фармацевтските компании со цел соборување на цените.

Холандските аптеки и лаборатории, чие производство е во мали количества, признаваат дека фармацевтската индустрија може законски да ги гони. Меѓутоа, Ројтерс наведува дека таквиот случај би поставил преседан за другите европски држави и истакнува дека е Холандија прилично влијателна во Европа бидејќи во таа земја се наоѓа седиштето на Европската агенција за лекови (ЕМА). ЕМА, која спроведува надзор и одобрува лекови за сите држави на ЕУ, се пресели од Лондон во Амстердам поради референдумот за брегзит.

Извршните директори на седумте најголеми светски фармацевтски компании, вклучувајќи ги Мерк, Џонсон и Џонсон, АстраЗанека и Фајзер, беа сослушани минатиот месец пред американскиот Сенат поради високите цени на лековите кои во САД можат да се купат само на рецепт.

Пониските цени на лековите и подостапната здравствена нега за Американците се еден од приоритетите на Трамповата администрација.

Лековите на рецепт се многу поскапи во САД отколку во останатите развиени држави, каде владите директно или индиректно ги контролираат цените.

Соочени со критики од одделни сенатори, фармацевтските директори изразија длабоко сочувство со болните пациенти, но сите за високите цени на лековите го обвинија системот.

Иако беа приморани да одговараат на непријатни прашања директорите за три часа главно успеаја вината за високите цени на лековите да ја префрлат на осигурителните компании и не се обврза дека ќе ги намалат цените.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе