Тие се сомничат дека на 1 април 2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле тешка кражба, при што украле сеф.
„Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело тешка кражба, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор“, се вели во соопштението од МВР.