Трамповиот претставник за преговорите на Белград и Приштина

Гренел повторно ја отвора опцијата за размена на територии

Ричард Гренел, спрецијалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп пристигна денес на Косово, три дена по одржувањето на изборите, а според проценката на одделни аналитичари неговото именување и посетата би можеле повторно да ја актуелизираат приказната за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Гренел денес во Приштина се сретна со претседателот на Косово Хашим Тачи и мандатарот за состав на новата влада и лидер на Самоопределување Аљбин Курти, а утре во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Курти, кој кажа дека би ги укинал царините од 100 отсто на стоката од Србија поради кои се прекинати преговорите меѓу Белград и Приштина кажа денес по средбата со американскиот претставник дека е потребен одржлив договор со Србија. „Содржината и процесот на постигнување договор со Србија се поважни од временската рамка за тој договор да биде одржлив“, кажа лидерот на Самоопределување.

Именувањето на Гренел, амбасадорот на САД во Германија, покажува дека Белата куќа смета дека може да ја убеди Германија да ја поддржи идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, оцени американскиот аналитичар Едвард Џозеф.

Тачи и Вучиќ минатата година навестија дека би можеле да се согласат на размена на територии за да ги решат територијалните спорови, но двајцата се соочија со остро противење дома и во странство.

Џозеф потсети дека на идејата силно се спротивстави германската канцеларка Ангела Меркел, која во повеќе наврати кажа дека границите на Балканот не смеат да се менуваат, како и лидерите во регионот. Меѓутоа, според Џозеф, Вашингтон позитивно гледа на можноста за размена на територии.

„Кога Болтон беше Трампов советник за национална безбедност, мислам дека ја поддржуваше идејата за размена на територии која ја фаворизираше и (шефицата на европската дипломатија) Федерика Могерини, за еден вид поделба на Косово, најверојатно на северот кај реката Ибар, каде четирите северни општини би ѝ припаднале на Србија, а еден недефиниран дел од југот на Србија, Прешевската долина, на Косово“, кажа Џозеф.

Гренел денес во Приштина кажа дека се надева дека Косово и Србија набрзо ќе се сретнат и дека ќе најдат решение, соопшти кабинетот на Тачи.

Американецот на средбата со Тачи кажа дека договорот меѓу двете земји ќе биде камен темелник за економски раст и ќе придонесе на благосостојбата на сите граѓани. Тачи кажа дека мисијата на Гренел покажува дека Вашингтон е посветен на Косово.

„Тоа ни дава доверба и вера во напорите да постигнеме мировен договор со Србија“, наведе Тачи. „Активното учество на САД ќе биде одлучувачко за наоѓање решение меѓу Косово и Србија“.

Врховниот суд на Косово, откако стана очигледно дека Тачи поддржува размена на територии, реши дека преговорите меѓу двете земји треба да ги води премиерот, а не претседателот.

Курти во неколку наврати кажа дека нема да поддржи размена на територии, но дека е спремен да учествува во преговорите со Белград во кои посредува ЕУ.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе