Најголемата воздухопловна сила на Балканот

Грците вложуваат 1,5 милијарди долари за модернизација на 84 авиони Ф-16

Грција потпиша договор со американскиот произведувач на оружје Локид Мартин. Официјална Атина сака да ја модернизира флотата борбени авиони Ф-16 во следните седум години.

Грција излегува од финансиската криза соочена со повторни тензии со соседот и партнер во НАТО, Турција.

Агенцијата за набавки на грчкото министерство за одбрана соопшти вчера дека во вторникот е потпишан договорот за деталите со компанијата Локид.

Министерот за одбрана Никос Панајотопулос претходно месецов во грчкото собрание кажа дека 84 авиони Ф-16 ќе бидат модернизирани до 2027 година со вградување на опрема од напредната технологија „Вајпер“, во рамки на програмата проценета на 1,5 милијарди долари. тој кажа ека темпото на модернизацијата ќе зависи од тоа колку авиони се потребни за редовна активна служба.

Американскиот Стејт департмент во 2017 година го одобри тогаш потенцијалниот договор, кажувајќи дека американската цел е „помош во подобрувањето на безбедноста на НАТО сојузникот (Грција) кој е важен партнер за политичката стабилност и економскиот напредок во Европа“.

Грција со години ги кратеше средствата за одбрана поради финансиската криза, главно поради условите за трите меѓународни пакети помош од 2010 до 2018 за како членка на еврозоната да се спаси од банкрот и исфрлање.

Во изминатите години ги прошири воените врски со Соединетите Држави, стравувајќи од военото јакнење на Турција. Спорот на тие два соседи околу воздушниот простор и поморската граница, како и за правата за дупчење нафта и гас во источниот Медитеран, и понатаму не се решени.

Тензиите ескалираа во изминатите месеци откако Турција испрати истражувачки бродови покрај северниот брег на поделениот Кипар и постигна пакт со Либија за поделба на морето кој се смета за предизвик за слични договори со Грција, Израел, Кипар и Египет.

За време на посетата на Атина во октомври, американскиот државен секретар Мајк Помпео го потпиша ревидираниот договор за воена соработка на САД со Грција, проширувајќи ги воените активности на САД на три бази во Грција и зголемувајќи ги активностите во американската поморска база во Заливот Суда на островот Крит. Тој договор неделава беше поднесен во грчкиот парламент на ратификација.

Висок американски функционер во октомври тврдеше дека јакнењето на воените врски со Грција не е поврзано со тензиите со Турција. Анонимниот функционер кажа дека „во интерес на националната безбедност на Соединетите Држави е Турција да остане вкотвена крај Западот“ и дека „веруваме дека Грција го има истиот интерес“.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе