Протести против задолжителната имунизација во Атина

Грција: Влијателни свештеници ги предводат антиваксерите

Антиваксерите и оние кои редовно одат во црква се собраа минатата недела во центарот на Атина во голем број. Поголемиот дел се и верници и антиваксери.

EPA-EFE

За грчките власти еден од најголемите извори на отпор на карантинот, носењето маски, држењето дистанца и вакцинацијата се влијателни грчки свештеници и силата која ја црпат од црквите.

„Црковните власти одбиваат да ги контролираат луѓето кои одат во црква бидејќи ја почитуваат личноста на верникот“, гласи натпис на главниот влез во црквата Свети Никола во Атина.

Во самата црква, меѓу масата на прстите на едната рака може да се избројат оние кои носат маски. Свештеникот Василиос Волудакис во проповедта ги нападна владата, лекарите и црковните големци, пишува Политико.

„Сакаат да ја третираат црквата на ист начин на кој ги третираат салите за вежбање, но ние веруваме дека тука сме во рајот“, им се обраќа на верниците. „Научниците некои работи не можат да ги објаснат па повеќе сакаат да ги прикријат“.

Волудакис е еден од најистакнатите критичари на рестрикциите наметнати поради коронавирусот и вакцинацијата во Грчката православна црква. Изјавуваше дека оние кои ќе примат вакцина „горко ќе зажалат за тоа“.

Тој има доста поддржувачи.

„Станавме во заштита на човековите права, истите права кои ги потврдува христијанството“, вели Марија, средовечна госпоѓа која на службата дошла со мажот. Не сакале дека го откријат презимето. „Бог нè тера да го следиме, за разлика од оние кои ја поддржуваат вакцинацијата“.

„Целосно му верувам на својот свештеник“, вели Марија Пападопулу. „Нема да примам експериментална вакцина. Моите родители се целосно вакцинирани, но јас не ги терав да го направат тоа. Зошто тогаш тие мене би ме терале?“

„Тие сакаат да нè поделат и ние тоа не треба да го дозволиме. Секој треба да биде слободен да прави што и да мисли дека е добро за неговото здравје“, додава таа.

Црковниот врв официјално ја поддржува вакцинацијата. Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Ероним, во ноември беше заразен со ковид-19 и помина неколку дена на интензивна нега. Месец дека подоцна кажа: „Да не бев заразен, ќе бев првиот кој би отишол да се вакцинира“.

Подоцна објави дека примил вакцина на 12 мај.

Меѓутоа, неколку влијателни архиепископи и свештеници постојано им зборуваат на верниците да не се вакцинираат, а некои одбиваат да ги пуштат во црква вакцинираните и оние кои носат маска.

Митрополитот Серафим, еден од најмоќните свештеници во земјата, дури шири теории на заговор дека „вакцините се производ на абортус“.

„Овој производ кој се добива од убиени ембриони ќе ни биде вбризган во телото... Сакаат да создадат метачовечко суштество, мутација на човекот, човек кој ќе биде како робот“, кажа тој.

Одговорот на владата

Грција бележи голем пораст на бројот на заболени, што е главно последица на делта сојот. На крајот на јуни просечно имаше околу 400 заразени дневно, а сега тој број скокна на 2.700 на ден.

Околу 44 отсто од популацијата е целосно вакцинирана, што е нешто над просекот на Европската Унија. Меѓутоа, колебањето ја успори имунизацијата, а некои експерти предупредуваат дека на крајот целосно ќе бидат вакцинирани само 55-58 отсто од населението, што е значително помалку од проектираните 75 отсто.

Во обид да ги зголеми овие бројки, грчката влада прогласи задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица. Министерството за внатрешни работи почна кампања да ја зголеми стапката на вакцинација во малите заедници, што подразбира вклучување на локалните функционери и свештениците кои се со власта.

Иако Грција официјално е секуларна држава, црквата има огромно влијание врз политиката и општеството, што им отежнува на политичарите да се мешаат во верските прашања. На владата ѝ е традиционално тешко да им се спротивстави на свештениците кои имаат големо влијание врз гласачите. Дури и самиот врв на црквата има тешкотии да им се спротивстави на одделни свештеници.

„Владата покажува толеранција, па дури и согласување со ирационалните гласови во Грчката црква“, кажа портпаролот на водечката опозициска партија Сириза, Насос Илиопулос. „Важно е во црквата да има многу силни гласови кои ги бранат рационалноста и науката. Меѓутоа, владата со својот општ став и контрадикторноста не помага да се изолираат екстремистичките гласови“.

Од 15 јуни само на вакцинираните им е дозволен влез во баровите, рестораните, кино-салите и театрите. Меѓутоа, овие мерки не важат за црквите.

Редовно кршење на правилата

Од почетокот на пандемијата црквата редовно ги крши правилата. Свештенството никогаш немаше обврска да носи маски. Црквите беа првите објекти во земјата кои отворија по карантинот, иако остатокот од Грција остана дома.

Правилата кои се однесуваат на сите, како носењето маска и држењето дистанца, никогаш вистински не се применуваа во црквите. Не беше испочитувана ни директивата велигденските служби да се одржат порано, а не на полноќ како обично, поради полицискиот час кој беше на сила низ земјата.

Митрополитот Козма ги нарече неверници оние кои се плашат да присуствуваат на службите во преполните цркви.

„Бог не дава да се заразите. Бог не заразува! Ова е свето место, божји храм“, кажа тој.

Минатата недела, илјадници демонстранти против вакцините се собраа во двата најголеми грчки града за да пружат отпор на планот вакцинацијата да се направи задолжителна и достапна за децата. Собраните носеа транспаренти „Не за отровот“, грчки знамиња и крстови.

„Тие сакаат нам, на свештениците, да ни кажуваат што да зборуваме“, кажа Волудакис, кој држеше служба против вакцините во црквата Свети Никола. „Верските лидери кои ова го прифаќаат треба најмногу да се обвинат“.

Веднаш зад аголот на оваа црква, ѕидовите се покриени со постери на антифашистички групи кои вакцинацијата ја нарекуваат уцена и повикуваат на отпор, така практично обезбедувајќи му на Волудакис неочекуван сојузник.

„Саботирај го апартхејдот во здравствени услови“, порачува еден транспарент.

На плоштадот Синтагма во Атина илјадници луѓе извикуваат слогани како „Православието е живо“, „Ние сме војници на Исус“, „Казната стигнува“ и „Ние не носиме оружје туку крстови“.

Вакцини, молитви и богослужби

Претходно месецов министерот за здравство Василис Кикилиас и портпаролот на министерството за здравство за прашања на коронавирусот, специјалистот за заразни болести Сотирис Циодрас, се сретнаа со Светиот синод во обид да обезбедат поддршка од свештенството за кампањата на вакцинација.

Меѓутоа, пораката на Светиот синод не беше многу силна, освен што препорачаа дека „вакцинацијата како единство научно тестирано решение за спречување на ширењето на коронавирусот да биде предмет на слободен избор“, како и „будност во молитвите“ и „често присуство на богослужбите“. Не спомнуваа преземање чекори против свештениците антиваксери.

„Останува посветени на трагањето по вистината заедно со Црквата“, кажа Циодрас по состанокот.

Минатата недела Светиот синод испрати циркуларно писмо кое беше прочитано вчера на богослужбите во кое на верниците им се вели дека вакцините не се спротивставени на црковното учење и дека ги повикуваат верниците да ги следат упатствата на лекарите.

Владините напори продолжуваат. Црквата „може да влијае на верниците и може да го пренесе сопственото искуство со овој невидлив непријател, имајќи предвид дека од последиците на короната починаа повеќе митрополити и свештеници“, кажа портпаролката на владата Аристотелија Пелони минатата недела. „Црквата има силно влијание врз народот преку повици до верниците, особено оние кои припаѓаат на најранливите групи, да се вакцинираат“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе