Први на Балканот

Грција ја јакне воздухопловната флота со ескадрила Ф-35

Грција е првата земја на Балканот која најави купување на новиот повеќенаменски борбен авион Ф-35, покрај модернизацијата на постоечката флота борбени авиони Ф-16.

Грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос изјави за телевизијата Скаи дека неговата земја планира да набави ескадрила од новиот американски ловец Ф-35 и дека наскоро ќе ја почне модернизацијата на постоечката флота авиони Ф-16 на најсовремената верзија „вајпер“ (Ф-16В блок 70/72).

Најавата за јакнење на военото воздухопловство следува по јануарската средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со американскиот претседател Доналд Трамп на која се дискутираше за тензиите меѓу Грција и Турција, посредничката улога на Вашингтон и модернизацијата на оружените сили на јужниот сосед.

Во овој момент корисници на Ф-35 се САД, Израел, Австралија, Канада, Британија, Холандија, Данска, Италија, Норвешка, Јапонија и Јужна Кореја. Договор за купување кон крајот на минатата година потпиша и Белгија.

Грција се труди да ја унапреди одбранбената соработка со НАТО сојузникот САД во светло на тензиите со Анкара околу територијалните права во Егејското Море и истражувањето за гас во кипарските територијални води. САД ја исклучија НАТО сојузничката Турција од програмата за развој и купување на борбените авиони Ф-35 откако Анкара купи противвоздушен систем С-400 од Русија.

Турција, како и Грција, користи борбени авиони Ф-16 и според бројот на војници е втората по големи оружена сила на западниот воен пкт. Односите на Турција и Грција се заострија откако Анкара потпиша поморски договор со Либија кој на владата на Реџеп Таип Ердоган ѝ дава економски права во источнот дел на Средоземното Море.

Грција смета дека со потпишувањето на тој договор Турција ги загрозила територијалните води на островите Крит, Родос, Карпатос и Кастелоризо. Загриженост околу договорот изразија и Кипар и Египет.

Тие земји заедно со Грција и Израел ги истражуваат гасите полиња во источниот Медитеран. Дополнителни тензии на Анкара со Атина и Никозија создава прашањето за контролата на територијалните води околу Кипар. Островот е поделен на два дела од 1974 по оружената инвазија на Турција поради пучот кој на Кипар го изврши тогашната воена хунта во Атина. Тоа беше прв и единствен пат две членки на НАТО да се најдат во оружен конфликт.

Република Кипар како единствена меѓународно призната влада на тој остров смета дека има право на неодамна откриените подводни гасни полиња. Анкара инсистира дека за тоа прашање кипарската влада мора да се договори со управата на северниот дел на островот кој меѓународно го признава само Турција.

Анкара досега во територијалните води на Кипар четири пати испрати бродови за истражување гас придружувани од бродови на воената морнарица. Сите досегашни истражувања се извршени во водите околу северниот дел на островот кој го контролираат кипарските Турци и оружените сили на Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе