Резултатот на истражувањето длабоко го шокираше општеството

Грција има голем проблем: 69 отсто од граѓаните се антисемитски расположени, имаат предрасуди кон Евреите

Во Грција има едно единствено истражување за антисемитизмот старо веќе речиси шест години, направено на барање на организацијата Анти дефамејшн лиг (АДЛ).

EPA-EFE

Резултатот длабоко го шокираше грчкото општество – 69 отсто од Грците се на некој начин антисемитски расположени, односно имаат предрасуди за Евреите.

Ова е неславен рекорд во Европската Унија каде во таа 2014 година просекот бил 26 отсто, во Западна Европа 24 отсто, а во Источна Европа 34 отсто.

Веднаш е доведена, нормално, во прашање вистинитоста на тоа истражувањето, но од тогаш не е даден налог за спроведување друго истражување, па до ден денес не се знае дали таа застрашувачка бројка е вистинита.

Од една страна во Грција нема случаи на напади против Евреите, членовите на малата преостаната еврејска заедница не се плашат од напади, а во Јанина во 2019 за градоначалник за првпат во Грција беше избран Евреин, Мозес Елисаф.

Во Грција со симпатии се сеќаваат на атинскиот епископ Дамаскинос, кој за време на германската окупација во Втората светска војна им ги спасил животите на илјадници грчки Евреи.

Но исто така се заборава пасивноста при депортацијата на 95 отсто од 53.000 Евреи во Солун, „европскиот Ерусалим“, и нелегалното присвојување на нивниот имот од страна на домашните помагачи на нацистите.

Затворски казни за лидерите на екстремно десната партија

Од друга страна сѐ поголем е вандализмот над еврејските споменици и малкуте споменици на жртвите на холокаустот, главно со пишување и цртање антисемитски и националсоцијалистички пароли и симболи.

Неодамна беа осквернавени еврејски гробишта во Атина и на островот Родос, како и споменикот на жртвите на холокаустот во Солун.

И тоа само една недела откако грчкото правосудство донесе историска одлука: неонацистите од партијата Златна зора се осудени на долгогодишни казни затвор, не само поради злосторствата како убиство и нанесување тешки телесни повреди, и нелегално поседување оружје, туку и за создавање криминална организација.

Осуден е целиот врв на партијата и покрај обидите на некои, дури и државната обвинителка, да ги заштитат.

Сега во Грција никој не може да каже „не знаев“, особено не оние 536.910 гласачи кои во 2014 својот глас ѝ го дада на Златна зора на европските избори.

Неонацистите се криминалци, што сега го потврди и судот.

Истовремено се тие главните носители на отворениот антисемитизам, па најновите сквернавења на еврејските гробишта може да се сметаат за „искажување солидарност“ од нивните поддржувачи.

Потенцијални поддржувачи неонацистите за жал имаат и повеќе од доволно.

Најново истражување покажува дека 21 отсто од анкетираните сметаат дека „умерена“ Златна зора би била корисна за Грција (Институтот Прората за весникот Ефимерида тон синтактон, 16.10.2020).

Таа бројка е уште пострашна затоа што се појави по осудата на неонацистичката партија.

Денешните жртви

Давид Салтиел, претседателот на Еврејската заедница во Солун и на Централниот совет на еврејски општини во Грција, сигурен е дека осудата на лидерите на Златна зора нема да го намали антисемитизмот кој таму постоел и пред формирањето на партијата.

Салтиел сепак го смирува фактот што антиземитизмот во Грција не е насилен, односно дека нема човечки жртви како во други земји.

Жртвите на милитантниот десничарски екстремизам во Грција во 21 век се емигрантите, хомосексуалците и антифашистите.

Златна зора со години подбуцнуваше против емигрантите и за тоа добиваше аплауз од „загрижените“ граѓани, а често и „разбирање“ од бројни медиуми и јавното обвинителство кое во Грција е „слепо на десното око“.

Многу политичари на владејачката конзервативна партија Нова демократија направија кариери на пароли против бегалците, додека антисемитски пароли во моментов нема во општеството.

Фашистите од соседството

Во Атина минатата недела почна уште еден важен судски процес, за убиството на Зак Костопулос.

Тој ЛГБТ активист пред две години среде бел ден во центарот на Атина беше претепан до смрт.

Обвинети се еден златар, еден менаџер и четворица полицајци – а нивниот адвокат е дури пратеник на владејачката партија Нова демократија – Атанасиос Плеврис, син на теоретичар на националсоцијализмот во Грција.

Полицијата во 2018 извести за „смртносаморанување на еден ограбувач“, а ѝ се придружија повеќето медиуми, сѐ додека не се појавија видео-снимки на една минувачка и го разоткрија убиството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе