Бегалците доаѓаат од Турција

Грчката влада ги заострува мерките пред новиот прилив на емигранти

Новата влада на десниот центар во Грција најави построги гранични патроли, преселувања на барателите на азил и забрзување на депортацијата во обид да се избори со новиот прилив на емигранти и бегалци кои доаѓаат од Турција, додека Европската Унија се обидува да го спаси договорот за емигрантите со Турција.

За сириските, авганистанските и ирачките азиланти Грција е главнот влез во Европа и во неа се сместени најмалку половина од 56.000 емигранти кои годинава пристигнале на северниот брег на Средоземното Море.

Тоа е малку во споредба со речиси милион луѓе кои дојдоа преку Грција во северна Европа во 2015, укажува Ројтерс, додавајќи дека бројот на емигранти значително се намали по договорот на ЕУ и Анкара во 2016, пренесува Радио слободна Европа.

Меѓутоа, околу 7.000 емигранти пристигнаа на брегот на Грција минатиот месец, што е најголемиот број откако беше постигнат договорот.

Грчкиот Совет за надворешни работи и одбрана одржа итна седница откако минатата недела на островот Лезбос се истоварија околу 600 луѓе, главно авганистански семејства, што е најголемиот прилив на тој остров во еден ден од 2016 година, пишува Јуроњуз.

Советот најави построги патроли во соработка со Фронтекс и НАТО, преселување на азилантите од островите, идентификување на одбиените баратели на азил кои можеби останале во земјата и забрзување на депортацијата во Турција или земјите на потекло.

Јуроњуз истакнува дека затворањето на границите преку Балканот резултираше емигрантите на патот кон Европа да останат заробени во Грцја, што доведе до пренатрупаност на емигрантските кампови во кои најчесто има двојно повеќе луѓе од предвиденото, поради што хуманитарните организации ја критикуваат Грција.

Организациите за заштита на човековите права изразија загриженост поради вонредните мерки кои грчката влада ги најави поради порастот на приливот на емигранти и бегалци од Турција и стравот дека ќе се повтори емигрантската криза од 2015 година, пишува Гардијан.

Наглиот прилив на луѓе на грчкиот брег е поттикнат од најновите мерки против емигрантите во Турција, пишува лондонскиот весник, каде има над 3,6 милиони раселени Сиријци, како и од обновувањето на борбите во Сирија.

Германската канцеларка Ангела Меркел се обидува да го спаси договорот за емиграција меѓу ЕУ и Тирција, кој требаше да спречи луѓето да тргнат кон Европа, пишува порталот ЕУ обзервер.

ЕУ тврди дека од ветените шест милијарди евра за помош на бегалците во Турција досега издвоила околу две милијарди. Откако почна примената на договорот во 2016, ЕУ прифати околу 20.000 Сиријци од Турција, додека во Турција има околу 3,6 милиони бегалци.

Меркел, клучниот архитект на договорот од 2016, тврди дека е во постојан контакт со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган околу договорот. Таа на конференција за новинарите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис воо Берлин кажа дека е потребно да се направи повеќе за бегалците од Турција да се префрлат во земјите од ЕУ.

Иако емиграцијата доминира во вестите, Европа е поделена како ќе реагира, што значи дека тоа прашање е приоритетен дел од обврските на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дел Лајен, оценува ЕУ обзервер,, истакнувајќи дека прашањето на емиграцијата е клучниот тест на европското единство.

Двегодишното истражување на јавното мислење, кое Комисијата го објави во август, покажа дека прашањето на емиграцијата предизвикува повеќе страв меѓу европските граѓани од климатските промени, укажува ЕУ обзервер со оценка дека неуспех во управувањето со кризата веројатно ќе турне сѐ поголем број гласачи кон крајно десните и популистичките партии.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе