И оние што работат немаат доволно за да јадат

Граѓаните на Венецуела се хранат од контејнери (ВИДЕО)

Тони, 36-годишен стражар, пребарува по кантите за ѓубре во богата населба во Каракас кога не е на работа, во потрага по храна, бидејќи поради економската криза во Венецуела дури и оние што работат немаат доволно за да јадат.

„Ќе помирисам, и ако мириса на храна, ја носам дома“, вели Тони, кој одбил да го каже презимето бидејќи не сака неговата сопруга и четирите деца да знаат како се снаоѓа за храна повеќе од една година, пишува Ројтерс.

Тој вели дека во ѓубрето обично наоѓа остатоци од месо, сирење и парчиња зеленчук. 

„Го мијам тоа со оцет, со многу вода и додавам лук и прелив.“

Глетките на граѓани на Венецуела што копаат по ѓубре во потрага по храна со години се симбол на економскиот колапс на земјата, кој се огледува во распространетиот недостиг од храна и лекови, како и хиперинфлацијата.

Меѓутоа, проблемот неделава повторно дојде во центарот на вниманието кога социјалистичката влада на оваа јужноамериканска земја го депортираше американскиот новинар Хорхе Рамос, кој прикажа снимки од луѓе што јадат ѓубре кога го интервјуираше претседателот Николас Мадуро.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, а беше реизбран минатата година на гласање што нашироко се смета дека е наместено, претходно ги отфрлаше прашањата на новинарите за пребарувањето по храна во контејнерите велејќи дека тоа е дел од пропагандна кампања со поддршка на САД против неговата влада.

Тој негира дека земјата е погодена од хуманитарна криза и вели дека странските влади се обидуваат да го поткопаат.

Ројтерс наведува дека не е невообичаено сиромашните луѓе на најбогатите земји во светот да копаат по ѓубре, но дека е реткост постојано вработените да зависат од остатоците храна за да ги издржат своите семејства.

Цените во Венецуела се зголемуваат за повеќе од два милиони отсто на годишно ниво, а со минималната плата во земјата, околу шест долари месечно, може да се купи нешто малку повеќе од табла јајца.

Многу луѓе во Венецуела зависат од донациите од роднини што се приклучиле во егзодусот на околу 3,4 милиони луѓе од 2015 година, според податоците на ОН, додека други зависат од владините оброци храна.

Лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, кој во јануари се прогласи за привремен претседател, минатата недела ја предводеше кампањата за испорака на хуманитарна помош за земјата, но војската го блокира влезот на камионите.

„Морав да ги научам децата да јадат сè“, вели Естефани Кинтеро (35), мајка на седум деца, која патува два часа од оддалечено предградие до Каракас за да довлечка вреќи со ѓубре.

„Се разбира дека за ова е крива владата. Некогаш имавме појадок, ручек и вечера, дури и фрлавме храна.“ 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе