Голема шанса за „отпишаниот“ Борисов: изборите кои менуваат сè во Бугарија

Повеќемесечната парламентарна криза во Бугарија ќе биде решена на 2 октомври, кога се закажани вонредните парламентарни избори. Ова ќе биде четврти пат за само две години граѓаните на Бугарија да излезат на гласачките места, а голема шанса за враќање има партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ.

EPA-EFE

Бугарскиот претседател Румен Радев беше приморан уште еднаш да распише вонредни избори откако претходно годинава падна реформистичката влада на Кирил Петков, а последователните обиди да се состави нова неславно пропаднаа.

На владата на чие чело беше Петков ѝ беше изгласана недоверба во јуни годинава, по што прилика за формирање нова извршна власт доби Социјалистичката партија.

Кризата во Бугарија трае веќе некое време, а кулминираше кога од владејачката коалиција излезе партијата Има таков народ на Слави Трифонов, кој сега веќе поранешниот премиер Кирил Петков го обвини дека ја води земјата во банкрот и дека со западните дипломати тајно се договорил Бугарија да го тргне ветото од почетокот на преговорите на Македонија и Европската Унија.

Петков беше голема надеж пред парламентарните избори на 14 ноември минатата година. Тој успеа за само два месеци да оформи партија која на минатите парламентарните избори го победи ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој со политика се бави од 2004 година.

И покрај ограниченото политичко искуство, партијата на Кирил Петков брзо ја доби поддршката од граѓаните на Бугарија, огорчени поради кризата која предолго трае и постапките на Борисов кои не доведоа до подобрување на ситуацијата во најсиромашната земја на ЕУ.

Меѓутоа, владата на реформистот Петков не издржа ни една година.

Претседателот Радев сега го именуваше поранешниот министер за труд Галаб Донев за вршител на должноста премиер до формирање на нов кабинет.

Бидејќи Бугарија се бори со раст на инфлацијата, проблеми во набавката на гас и други последици од војната во Украина, се претпоставува дека токму подобрување на односите со Русија и решение на гасната криза ќе бидат приоритетите на Донев.

Поранешниот премиер Петков зазема остар став кон Русија поради инвазијата на Украина, што вклучува и одбивање на барањето на Москва гасот да се плаќа во рубли, протерување десетици руски дипломати и обвинувања за шпионажа.

„Преодниот“ премиер Донев сега има тешка задача да го одржи надворешнополитичкиот курс на земјата, додека шанса за враќање на релевантноста демне ГЕРБ на Бојко Борисов.

Новите анкети предвидуваат дека изборите во октомври ќе бидат голема пресметка на центристите и националистите. Партијата на Кирил Петков сега е изедначена со ГЕРБ на Борисов, кој минатата година доживеа вртоглав пад.

Истражувањата покажуваат дека партиите кои ја сочинуваа претходната владејачка коалиција немаат голема шанса да формираат нова власт по изборите, како и дека расте поддршката на националистичките и проруските партии.

Токму во таа слика се вклопуваат Борисов и неговиот ГЕРБ кои црпат поддршка од Русија и десничарски насочените структури во земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе