Дојче веле

Гласачите ѝ го покажаа средниот прст на британската премиерка

Британската премиерка Тереза Меј распиша предвремени избори бидејќи сакаше да има убедливо мнозинство во парламентот. Но сега по изборите, таа воопшто нема мнозинство. Неверојатно погрешна калкулација, пишува Барбара Везел за Дојче веле.

Тереза Меј беше толку сигурна дека ќе успее. Сакаше мандат кој ќе ѝ овозможи да формира силна влада и својата земја да ја поведе кон „тврд брегзит“. „Силно и стабилно“ – тоа беше мантрата на нејзината предизборна кампања. Наместо тоа, се покажа дека таа ја предизвика сопствената пропаст. Британските гласачи ѝ го покажаа средниот прст и ја турнаа земјата во длабока политичка криза.

Дали уште некој се сеќава на ториевците кои пред изборите сонуваа за мнозинство од 150, па дури и 200 гласови? И кои прогнозираа целосен распад на Лабуристичката партија? Уште еднаш се покажа дека сите истражувања на јавното мислење се за во канта за ѓубре и дека гласачите имале друга замисла. Тие веќе не дозволуваат да бидат втурнати во познатиот шаблон и многу брзо менуваат страна.

Катастрофална предизборна кампања

Ова веројатно беше најлошата предизборна кампања која британските политичари ја воделе во последните неколку децении. Тереза Меј кон Британците се однесуваа како кон малолетни деца на кои може да им се одреди иднината. Таа одби јавна дебата, избегнуваше разговори со гласачите и на секое прашање непрестајно ги повторуваше истите фрази. Роботското повторување празни фрази ѝ го донесе прекарот „Мејбот“.

Британците во текот на последните недели одеднаш почнаа да ја перцепираат својата премиерка надвор од нејзината заштитена улога. Таа покажа дека е изолирана во мала група лојални луѓе, дека никому не верува и дека не е во состојба да слуша. Меј делуваше бесчувствително, елитистички, без разбирање за реалните проблеми на луѓето. А тука се образованието, здравствениот систем и финансирањето на негата на старите лица. Нејзиниот многу критикуван предлог за тоа од старите луѓе на кои им е потребна нега да се бараат повеќе да издвојуваат и нејзината на карјот екстремната промена на курсот околу ова прашање ѝ нанесоа огромна штета. Несфатливо е како некој можел за време на предизборната кампања да се изнесе толку апсурден предлог. Тереза Меј мора да има склоност кон самоуништување.

Лидерот на лабуристите подобар од сопствениот имиџ

За разлика од Меј, Џереми Корбин подобро ја водеше предизборната кампања отколку што се очекуваше. Во парламентот неговите настапи често делуваа дрвено, но во разговорите со гласачите, во дискусиите и на бините, Корбин се претстави како политичар кој може да се допре, кој е уверен во својата програма и кој е страстен. Од политичар за кој дури и неговата сопствена партија тврдеше дека не е соодветен за премиер, одеднаш се покажа како победник.

На Лабуристичката партија притоа ѝ помогнаа гласовите на младите. Тие водеа паметна интернет кампања и му го подарија на Обединетото Кралство „ефектот Берни Сандерс“. Како и во САД, и во Британија младите во голем број гласаа за левицата во чии социјални ветувања имаат надеж.

Најлошата можна политичка катастрофа

Велика Британија е длабоко поделена – тоа го покажаа и овие избори. И тоа меѓу северот и југот, градот и селото, младите и старите, заговорниците на брегзитот и пријателите на Европа. Тие своите политички одлуки ги носат врз основа на сопствените критериуми, старата лојалност, регионалниот традиционализам, социјалните врски... Во британската политика сето тоа е присутно.

Проблемот е во тоа што британскиот систем не е создаден за таква политичка ситуација. Во другите земји сега би се формирале коалиции, а во Велика Британија парламентот без мнозинство е слепа улица. Конзервативците како релативно најсилна партија би можеле да формираат малцинска влада, а колку би била силна нејзината способност да донесува одлуки во претстојните преговори за брегзитот? Почетокот на тие преговори веројатно ќе мора да биде помесетен додека владата не почне со работа.

Ова е најлошата можна политичка катастрофа за конзервативците. Тереза Меј алчно се доведе до тоа себеси, но и својата партија. Резултатот е остра спротивност на „силно и стабилно“. Ситуацијата е хаотична, а иднината неизвесна. Ова е втората катастрофално погрешна проценка на некој британски премиер – по Дејвид Камерон и неговиот референдум за брегзитот. Прашањето за Британија сега е – како понатаму? Во Европа можат само да се фаќаат за глава.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе