Гибралтар е првото место во Европа каде што се врати нормалниот живот. Како успеале?

Со 34.000 жители, Гибралтар тешко може да биде добар пример за другите, но стана првата област во Европа каде што, благодарение на вакцинацијата, епидемијата во голема мера е поразена. Рестораните се отворени до доцна во ноќта и нема ковид-позитивни.

Фото: Пиксабеј

Бидејќи на отворено повеќе не мора да се носат маски, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила кога шета по улиците. „Сметам дека допрва треба психички да се опоравиме“, рече министерката за здравство на мала британска област на јужниот рт на Пиринејскиот Полуостров, пишува Дојче веле.

Забраните за излегување се укинати, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии го посетуваат Гибралтар и разговараат со луѓето, кои чувствуваат олеснување. „Можеби наскоро ќе можеме да живееме како порано“, вели една келнерка.

Ова е во чиста спротивност со остатокот од Европа, каде што мерките се засилуваат поради зголемениот број заразени.

Од друга страна, Гибралтар, со население од 34.000 жители, врвот на пандемијата го имаше во почетокот на јануари со 172 нови инфекции на ден. Во малата британска прекуокеанска област, смртта на 94 лица се поврзува со вирусот.

Во последните неколку дена, одделот за ковид во локалната болница Сент Бернард е празен. Нема позитивни.

Ова може да се припише не само на претходните остри мерки, туку и на скоро целосната вакцинација. Освен жителите, вакцинирани се и повеќето од десетиците илјади луѓе што живеат во Шпанија, но работат во Гибралтар и патуваат секој ден. Во Андалузија, соседен шпански регион, состојбата со короната и со вакцинација воопшто не е розова.

Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцина увезена од Велика Британија, не е голем логистички предизвик. Целата држава зафаќа 6,5 квадратни километри.

За миг беа вакцинирани речиси сите. Три проценти од луѓето одбиваат вакцинација. На овие простори веќе постои еден вид пасош, односно картичка со која луѓето потврдуваат дека биле вакцинирани.

Сепак, не е сè како што беше порано. Управата на Гибралтар е претпазлива, па маските сепак треба да се носат во продавниците. Неодамна се одржа боксерски натпревар со 500 гледачи, но им беше дозволено да влезат само ако се целосно вакцинирани. И тие претходно беа тестирани со брз тест за коронавирусот, пишува Дојче веле.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе