Дојче веле

Германско оружје не е само за „добрите“

Германија со децении ги крши сопствените принципи кога станува збор за извозот на оружје, покажува ново истражување. Германското оружје се користи во граѓански војни или е во рацете на полицијата која војува против сопствените граѓани.

EPA-EFE

„Германија одбрува извоз и извезува оружје и воена опрема во воени и кризни земји, држави во кои се кршат човековите права или регони во кои владеат тензии“, пишува во истражувањето на Хесенската фондација за истражување на мирот и конфликтите (ХСФК), направена по барање на невладината организација Гринпис, пишува Дојче веле.

Студијата истражува кому германските компании, со одобрување од властите, му извезувале оружје од 1990 година и дали притоа биле почитувани критериумите на Европската Унија.

Во тие насоки на пример државите членки се повикуваат да водат сметка за „човековите права и хуманитарното меѓународно право“, како и „одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста“ во регионот во кој се извезува воената опрема.

Не е тајна, меѓутоа, дека германското оружје завршувало таму каде што не смеело. Така мексиканската полиција во 2014 година користела германски автоматски пушки Г-36 (хеклер и Кох) во масакрот врз студентите кои протестираа. И во Јемен, каде што со години беснеат граѓанска војна и хуманитарна криза, се користи оружје „мејд ин Џермани“.

Во Западна Германија од 1971 година постоела начелна забрана оружје да се извезува во земји кои не се членки на НАТО, но од тогаш, како што се критикува во студијата, тоа јасно правило е заменето со комплициран процес.

Денес во „спорните“ случаи последниот збор го има Сојузниот совет за безбедност кој го предводи канцеларката, а во него се уште и министри од неколку ресори. Како што се наведува во студијата, во одделни фискални години тој Совет одобрувал и околу 60 отсто од барањата на произведувачите на оружје за извоз во земјите кои не се членки на ЕУ или НАТО.

Според проценките на стокхолмскиот институт СИПРИ, Германија минатата година била четврти светски извозник на вооружување со 5,8 отсто учество во светскиот пазар. Далеку најмногу извезуваат САД, а следат Русија и Франција.

Само во првиот квартал од оваа година е одобрен извоз на германско оружје во вредност од 1,16 милијарди евра. Во редовните и нескржави купувачи на германско оружје, сѐ до тенкови и подморници, се вбројуваат Египет, Алжир, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

„Германското оружје системски се појавува во кризните области во рацете на диктатори“, критикува Александер Лурц, експерт за разоружување од Гринпис.

Тој тврди дека со политички одлуки систематски се растегнуваат црвените линии запишани во законите и насоките на ЕУ.

Министерството за економија, кое го има главниот збор во давањето одобренија за извоз, не ја коментирало студијата. На прашањето на агенцијата Франс прес, еден портпарол само кажал дека владата спроведува „рестриктивна и одговорна“ политика на извезување на вооружувањето, пренесува Дојче веле.

Поинаку мисли пратеничката на германската Левица: „Целиот систем на контрола е болен, без оглед на тоа која коалиција е на власт“. Таа потсети на барањето на нејзината пратеничка група – целосно да се забрани извозот на оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе