Германските медиуми: Цената на гасот е предизборен подарок за Вучиќ од Русија

„Цените на гасот во Европа нагло скокнаа. Властите во Москва тоа умешно го користат за да ги зачуваат своите геополитички интереси – во Србија, Белорусија, па и во Турција“, пишува германскиот весник Ханделсблат.

EPA-EFE

Во текстот на економскиот весник се опишува неодамнешното заминување на српскиот претседател Александар Вучиќ во Сочи, каде рускиот колега Владимир Путин му порача дека знае дека Србија ја чекаат избори во април и дека го цени она што Вучиќ досега го направил за односите со Москва. Путин исто така му вети поволна цена на гасот, пренесува Дојче веле.

„Путин не лажеше“, пишува Хаделсблат. „Испреговараната цена од 270 долари за илјада кубни метри, која ќе важи барем половина година, не само што ќе ја протурка Србија низ зимата, туку би можела да се толкува како предизборен подарок за Вучиќ. Во Белград тоа предизвика речиси екстаза. И тоа не е чудо, бидејќи Газпром во октомври нудеше продолжување на договорот по цена од 790 долари“.

Се наведува дека проценката на Вучиќ е дека договорот ѝ заштедил на Србија околу милијарда евра.

Анкара се надева на слична цена

„Русија умее да го искористи своето богатство со гас, особено во време кога цените на тој енергенс во Европа со месеци се над илјада евра за илјада кубици. Снабдувачите најдоцна од Нова година најавија раст на цените од дваесет отсто“, пишува Хаделсблат.

Наведувајќи дека Србија не е осамен случај, весникот пишува дека и „другите пријатели на Путин уживаат попусти: најголемиот го доби Александар Лукашенко. Белорусија во следната година треба да плаќа само 128,5 долари за илјада кубици гас. Тоа е најниската цена во цела Европа“.

Се наведува дека Молдавија под прорускиот претседател плаќала 148 долари, а сега, под прозападната претседателка, трипати повеќе. Турција до сега плаќала околу 300 долари, но договорот истекува на крајот на годината па, како што се наведува, Анкара се надева на слична цена како таа што ја доби Белград. Во преговорите Турција има добри карти.

„Турција може да посегне по повеќе извори на гас: земјата годишно им плаќа дванаесет милијарди долари на извозниците преку гасоводите на Русија, Азербејџан и Иран, и на испорачувачите на течен гас како Катар, Нигерија, Алжир и Соединетите Американски Држави. Речиси третина од потребите на земјата се покрива со пратки течен гас“, пишува весникот од Диселдорф.

„Покрај тоа Турција е важен јазол во мрежата на Газпром. Преку гасоводот Турски тек, чија цена се проценува на околу седум милијарди евра и кој има капацитет од 31,5 милијарди кубни метри, Газпром сега не ја снабдува само Турција, туку и јужна Европа. Со тоа испораките на Газпром кон Србија и од неодамна до Унгарија ја заобиколуваат Украина“, се додава во анализата.

Се наведува дека Анкара тежнее на цена под 300 долари за илјада кубици, а експертите веруваат дека има доволно преговарачка моќ за тоа да го издејствува.

Турција е „важен, но комплициран партнер“

„Според руските и турските медиуми, преговорите ги отежнува тоа што некои од турските директни увозници кај Газпром имаат долг од 2.5 милијарди долари. Газпром пред потпишувањето на новиот договор бара гаранции од државната турска гасна компанија Ботас за овие долгови. Нејасно е дали, според важечкото турско право, такви гаранции можат да бидат дадени“, пишува Ханделсблат.

Се додава дека Турција за Русија е „важен, но комплициран партнер“, и се укажува на фронтовите во геополитичките судири. На пример, во Украина, Сирија и Либија двете земји застапуваат различни интереси. „Од друга страна Ердоган и Путин се слични во одбивањето на западниот стил на живот и секогаш наоѓале начин да склучат зделки“.

Последното што се слушна е изјавата на турскиот министер за енергетика дека договорот за гасот е начелно склучен, дека се чекаат уште деталите. Германскиот весник заклучува: „За Русија поволна гасна зделка со Турција дава политички дивиденди, бидејќи покажува дека пријателството со Москва се исплати“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе