Дојче веле

Германскиот страв од руската атомска бомба

Берлин сепак директно ќе ѝ испрати тенкови на Украина, но такви кои служат пред сè за одбрана. Како што коментира германскиот печат, канцеларот Олаф Шолц и понатаму се обидува да избегне директно вмешување во војна со нуклеарна сила, пишува Дојче веле.

EPA-EFE

Германија сепак ќе почне да ѝ испорачува тешко вооружување на Украина, потврди во вторникот германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт на конференцијата на 40 држави која беше одржана во американската база Рамштајн во Германија.

Ламбрехт кажа дека станува збор за тенкови од типот „гепард“ кои се оспособени за соборување цели во воздух. „Гепард е токму тоа што ѝ треба на Украина сега, за од земја да го обезбеди воздушниот простор“, кажа министерката.

Печатот тоа едногласно го оценува како „пресврт“ на Германија која досега не ѝ испорачуваше тешко вооружување на Украина и поради тоа беше под голем притисок од западните партнери. Сепак, Германија посредно веќе договори испраќање тенкови со тоа што би ѝ испраќала тенкови на Словенија, која пак на Украина би ѝ ги отстапила тенковите од советска ера.

Франкфуртер алгемајне цајтунг оценува дека сега Германија се вбројува во битните доставувачи на тешко оружје на Украина. „Уште кај лесното вооружување Германија беше меѓу поважните лиферанти, што во јавната дебата често беше занемарувано“, истакнува весникот.

Весникот Ханделсблат пак пишува: „Сè повеќе се намалува временскиот прозорец во кој Западот може битно да влијае на победата или поразот на Украина, а со тоа и на сопствената безбедност. Затоа нема друг пат освен испорака на модерно западно оружје и брза обука на украинските војници“.

„Против тоа има и добри аргументи, на пример грижата дека војната би можела да се прелее на членки на НАТО. Но кој е убеден дека во Украина се брани и слободата на Западот, тој не смее на воениот злосторник Путин да му подари лесна победа“, пишува весникот.

Мителдојче цајтунг истакнува дека Германија и до сега помагала, со испораки на лесно оружје, донации од милијарди евра и прием на десетици илјади бегалци.

„Германија до сега држи рамнотежа и помага така што не ризикува проширување на војната. Испораката на старите противвоздушни тенкови „гепард“ сè уште се вклопува во таа стратегија. Тоа се тенкови, но не се офанзивно оружје. Со нив не може да се освои Крим или да се нападне руска територија, тие се помош само за самоодбрана“, заклучува коментаторот на овој весник.

Зидкурир пишува дека притисокот врз владата на канцеларот Олаф Шолц бил преголем, дека партнерите ја доведувале во прашање германската решеност, а дека истото го правела и демохристијанската опозиција во Бундестагот.

„Па сепак многу граѓани се загрижени дека Германија чекор по чекор се меша во војната. Не треба да му се замери на Шолц што сериозно го сфаќа тој страв. Но стравовите не смеат да водат кон надворешнополитичка здрвеност која на крајот му користи само на Путин. Последните закани со нуклеарен удар кои ги кажа шефот на руската дипломатија покажуваат дека Москва целено ги поттикнува тие стравови“, констатира Зидкурир.

Фолксштиме го коментира и повтореното предупредување на канцеларот Шолц дека не смее да се ризикува директна војна на НАТО со нуклеарна суперсила. „Рускиот министер Лавров го прифати тој наратив на Шолц и ја потврди опасноста од нуклеарна војна. Изгледа дека двајцата се согласни дека повеќе не функционира системот на нуклеарно одвраќање“.

„Последица на тоа е дека нема смисла да се брани со конвенционално оружје против нуклеарните сили. Тоа е одлично за Русија. Веќе со години претседателот Путин редовно предупредува на нуклеарна војна. Доколку таа тактика секаде му палеше, како што му пали во Германија, Украина немаше да постои“, оценува весникот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе