Германски весник: Постои длабока врска меѓу српската мафија и државата, Вучиќ е во паника

Србија ја тресат откритија за поврзаност на државата и организираниот криминал, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ). „Работите ги отвори претседателот Александар Вучиќ, иако истовремено се обиде да ги негира контактите на државата и подземјето“, пишува весникот, а пренесува Дојче веле.

EPA-EFE

Се оценува дека конференцијата за медиуми во саботата, која ја пренесуваа десетина телевизии, „беше необична дури и за српските прилика каде е вообичаена медиумската сеприсутност на претседателот. „Врвот на излагањето на претседателот беше презентацијата на грозно осакатените тела и отсечените глави. Најавено беше дека такви фотографии ќе бидат прикажани со предупредување да се тргнат децата од малите екрани“.

Злосторствата ѝ се припишуваат на бандата на Вељко Беливук, лидер на една група навивачи на Партизан. „Тоа што државата одеднаш решително им се спротивставува на Беливук и соучесниците, кои се обвинети за убиства, изнудувања, киднапирања и трговија со дрога, би требало за пристојното мнозинство од српското население да биде причина да се здивне.

Врските на моќниците и криминалците

Но бројни индикации за врските на избраните моќници и криминалците кои оперираат како фудбалски навивачи наведуваат барем на прашањето кои се вистинските причини за државниот притисок – и колку е тој сериозен“, пишува новинарот Михаел Мартенс во ФАЗ.

Се тврди дека радикалните навивачи на Партизан и Црвена звезда уште од распадот на Југославија се регрутна маса за српската мафија. „Но тоа е мафија блиска до државата која често дејствува со налог или толерирање од одредени служби. Како плата за послушноста, државата барем замижува кога хулиганите надвор од стадионите имаат исплатливи „бизниси“.

На пример на сплавовите, славните белградски сплавови за забава на Сава и Дунав, контролата ја имаат службите за обезбедување од хулиганското милје. А кој го контролира влезот на сплавовите, има удел и во живата трговија со наркотици на палубата“.

Мартенс наведува дека „луѓето на Беливук веќе биле гледани како редари на приредбите на претседателот“. „Ако навистина дојде до процес против Беливук – ако и тој не падне како жртва на фаталните инциденти чести во тоа милје – ќе биде интересно да се слушне што обвинетиот има да каже за односите со сегашниот државен врв“.

Превентивниот удар на Вучиќ

Во текстот се додава и „шпекулацијата“ дека акцијата против групата на Беливук е еден вид превентивен удар на Вучиќ бидејќи наводно министерот Небојша Стефановиќ против претседателот има опсежен доказен материјал кој може да го употреби во случај на нужда.

„Не е шпекулација дека низа индикации укажуваат на понатамошни врски на српската држава и подземјето. Тоа се однесува на случајот на земјоделската економија Јовањица во Војводина која наводно била специјализирана за еколошко земјоделство. Но во 2019 под не сосема разјаснети околности е откриено дека таму доматите, краставиците и кромидот служат за прикривање на дванаесет хектари засади коноп за производство марихуана“, пишува ФАЗ.

Во текстот се додава дека од причини непознати за јавноста очигледниот Вишиот суд во Белград сака да го истражи случајот Јовањица не штедејќи ги моќниците. „Ако навистина дојде до сериозни процеси против Беливук и војводинските фармери на марихуана, тоа би можела да биде богата жетва“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе