Германците за Голи Оток: „Нема достоинство за жртвите на комунизмот“

„Илјадници затвореници биле сместени и мачени на островот. Поранешниот југословенски затвор престана да работи пред повеќе од 30 години и комплексот се распаѓа. Ретки луѓе ги коментираат жртвите“, се наведува во прилогот на германското државно радио Дојчландфунк за Голи Оток.

Во прилогот се наведува дека патот до островот од блискиот Раб трае 15 минути со брод, а таму патниците ги дочекува една мала сувенирница. Во близина е и ресторанот чиј сопственик е Игор Томичиќ, кој за Дојчландфунк изјави дека зградите на стариот затвор целосно се уриваат.

„Тоа е голема штета. Останаа уште две или три згради кои се во добра состојба. Таму би требало да се направи музеј. А можеби и мал хостел, за посетителите на островот да имаат каде да преноќат“, вели угостителот.

Во една од зградите на поранешниот затвор може да се погледне документарен филм во кој затвореници зборуваат за своите искуства, меѓу нив и Алфред Пал, кој на Голи Оток бил доведен во 1949 година под сомнеж за сталинистички симпатии. Пал во филмот сведочи дека луѓето на Голи Оток биле превоспитувани за да сфатат „дека се ништо и дека за сѐ одлучува Партијата“.

Во прилогот се наведува дека на Голи Оток умреле околу 4.000 луѓе, главно од исцрпеност, глад или мачење, и дека условите во логорот се подобриле околу 1956 година и тогаш во затворот на овој јадрански остров почнале повеќе да доаѓаат криминалци, додека претходно таму биле исклучиво политичките затвореници на југословенскиот режим. Во 1988 затворот бил затворен, а документацијата уништена, истакнува Дојчландфунк.

Се потсетува дека многу луѓе од блискиот Раб работеле како чувари на Голи Оток, па не им било од интерес да се зачува документацијата за тоа.

За своите искуства долго време молчеа и чуварите, но и затвореници кои биле на Голи Оток, а за зачувување на сеќавање на ужасите на логорот денес се залагаат неколку невладини организации и локалната туристичка заедница Лопар. Тие велат дека им треба државна помош за Голи Оток да добие меморијален центар. Локалците сакаат да се овозможи развој на Голи Оток, но и почит за неговите жртви.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе