Гардијан: Трамп со изјавите во најновото интервју повторно го вџаши светот (ВИДЕО)

Иако е претседател на САД веќе речиси четири години, со чести коментари кои умеат да ја поделат јавноста, Доналд Трамп повторно успеа да го шокира светот.

EPA-EFE

Во интервјуто со Крис Волис (Фокс њуз сандеј) изјави, меѓу другото, дека не му е грижа што има да каже војската за преименувањето на нејзините бази и дека идентификацијата на слонот била силен доказ за неговата ментална стабилност, пишува Гардијан.

Интервјуто само по себе привлече внимание дека беше емитувано на Фокс њуз, мрежата која неодамна ги залади односите со Трамп. Така за време на разговорот, кој се одржа во петокот во Белата куќа, американскиот претседател кажа дека не е голем обожавател на Фокс.

„Ќе бидам искрен со вас, не сум голем обожавател на Фокс“, кажа Трамп откако Волис го праша за „провоцирачките твитови“ кои за него ги објави Трамп.

Беше тоа еден од неговите неколку изненадувачки коментари.

„Не губам на изборите, тоа се лажни анкети“

Волис ги прикажа резултатите од анкетата за Фокс њуз на кои се гледа дека Трамп губи осум процентни бодови од демократскиот кандидат Џо Бајден. ТРамп исто така бил полош од Бајден околу прашањето на реакцијата на пандемијата, проблемот со расизмот и решението за економијата.

„Не губам на изборите, тоа се лажни анкети“, возврати Трамп.

Претседателот на САД не само што ги негираше податоците на анкетите туку и одби да каже дали ќе ги прифати резултатите на претседателските избори во ноември во случај да изгуби.

„Морам да видам. Видете, морам да видам. Не, нема само да кажам да. Нема да кажам ни не, не кажав ни минатиот пат“, кажа Трамп.

Ентони Скарамучи, поранешниот директор на Трамповиот оддел за комуникации, напиша на Твитер по оваа изјава на Трамп: „Интервјуто на Крис Волис е всушност реклама за кампањата на Бајден“.

„Тоа е слон“

Во спомнатата анкета на Фокс њуз анкетираните биле прашани дали Бајден и Трамп се ментално способни да ја вршат функцијата претседател. 47 отсто анкетирани одговориле потврдно за Бајден, а 43 отсто потврдно за Трамп. Од друга страна, 51 отсто одговориле дека Трамп не е ментално способен за таа функција, а 39 отсто дека не е ниту Бајден.

74-годишниот Трамп на резултатите на анкетата предложи 77-годишниот Бајден веднаш да отиде на когнитивно тестирање. Американскот претседател, имено, минатата недела кажа дека „со петка положил“ еден тест. Многумина претпоставуваат дека тоа се однесува на когнитивната проценка од 2018. Истата проценка ја минал и 72-годишниот Волис.

„Тоа не е некој тежок тест. Ви покажуваат слика и ве прашуваат што има на неа, а на неа има слон“, кажа Волис. Трамп на тоа кажа дека Волис го потценува ова тестирање кое го користат многу лекари.

„Се обложувам дека не си можел сѐ да решиш. Последните пет прашања се особено тешки“, кажа Трамп.

„Не ме интересира што вели војската“

Откако низ Соединетите Држави почнаа да се одржуваат протестите против расизмот и полициското насилство, Пентагон почна да размислува за преминување на воените бази кои носат имиња на конфедерациските лидери.

„Не ме интересира што вели војската. Јас би требало да ја донесам одлуката за тоа“, кажа Трамп.

„Ќе видите на крајот дека сум во право“

Интревјуто дополнително се разжести кога почна да се зборува за пандемијата на коронавирусот за време на која досега се заразија над 3,7 милиони Американци, а умреа околу 143.000.

Волис во повеќе наврати укажа на значителниот број на мртви во САД, на што Трамп одговори дека Соединетите Држави „имаат една од најниските стапки на смртност во светот“.

„Тоа не е вистина“, кажа Волис.

Расправијата продолжи и Трамп од својата секреарка Кајли Мекенани побара да му ги донесе податоците за стапките на смртност во разни земји. Потоа тој мафташе со хартијата и кажа: „Се надевам дека вие ќе го покажате тоа во етерот, бидејќи ова зборува за какви лажни вести станува збор“.

„Мислам дека не пропагираме лажни вести“, кажа Волис, а потоа пушти видеокомпилација од Трамповите коментари во кои тој ја намалува опасноста од ковид-19 и кажува дека овој вирус во одреден момент ќе „исчезне“.

„Ќе видите на крајот дека сум во право. Ќе исчезне. Јас тоа повторно ќе го кажам – ќе исчезне и ќе бидам во право“.

Волис на тоа го праша американскиот претседател дали тогаш и неговите претходни тврдења дека коронавирусот наскоро ќе исчезне биле лажни бидејќи пандемијата и понатаму се шири низ САД.

„Не мислам така, знаеш зошто: Бидејќи сум во право, веројатно повеќе од кој било друг“, одговори Тра,п и додаде дека заштитните маски можат да предизвикаат проблеми и дека САД имаат толку голем број случаи на зараза поради засиленото тестирање.

Кажа и дека главниот експерт на Белата куќа Ентони Фаучи шири паника, а на коментарот дека во Соединетите Држави дневно од ковид-19 умираат околу 1.000 луѓе кажа дека „нештата се такви какви што се“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе