Гардијан му се нафрли на Додик: „Сопрете ги српските сепаратисти“

Британски Гардијан објави детална анализа на состојбата во Босна и Херцеговина, а во центарот на вниманието се најде Милорад Додик.

EPA-EFE

Војната во Босна која однесе 100.000 животи заврши пред 26 години со Дејтонскиот договор. Од тогаш Босна и Херцеговина ја сочинуваат Република Српска и Федерацијата на Бошњаците и Хрватите, со тричлено претседателство составено од Србин, Бошњак и Хрват. Меѓу нив во последно време не владее слога, а според мислењето на САД и водечките европски земји државата наскоро би можела да се распадне, на што предупреди и главниот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит. Како виновник за новонастанатите тензии Западот го гледа Милорад Додик, лидерот на босанските Срби.

Како што пишува Гардијан, лидерот на босанските Срби кој го негира геноцидот и со години го потенцира отцепувањето на Република Српска и нејзино припојување кон Србија, неодобрувањето од страна на меѓународната заедница го охрабри да продолжи со своите луди изјави и ширењето омраза.

Додик се чувствува толку сигурен што на воведувањето на законот за негирање на геноцидот од страна на претходниот висок претставник одговори со закана дека ќе ги напушти државните институции, вклучувајќи ги националните оружени сили.

Зошто е ова спорно?

Со создавање нова војска на босанските Срби, според Гардијан, би заживеала војската која се означува како одговорна за геноцид. Додик и дека ќе ги протера босанските трупи од РС и дека, ако биде потребно, ќе го поддржат „неговите пријатели’.

Овие, навидум неконтролирани реакции на Додик, не доаѓаат сами од себе. Најпрво високиот претставник ги искористи значителните овластувања кои му ги пружа функцијата за да ги држи политичарите под контрола.

Потоа го поткопа влијанието на Шмит отстранувајќи ги референците на неговата позиција од обновениот мандат на ЕУФОР во Босна, откако Русија даде до знаење дека инаку ќе стави вето на резолуцијата во Советот за безбедност.

Поширокиот контекст е смртта на европскиот сон. Одбивањето на Емануел Макрон да работи на проширување на членството на државите во ЕУ, игнорирањето на предупредувањата за отстапувањето од ветувањето до Западниот Балкан, недостигот од кохерентност и стабилност во Европа.

Со тоа во корен се сосече секоја опција која би можела да претставува алтернатива на национализмот. Има сè повеќе популистички лидери, а Додик најде поддршка кај унгарскиот премиер Виктор Орбан, во некоја мера и од Русија и Кина, а во последно време и од Турција.

Може ли ситуацијата да се реши?

Изгледа дека сега значајните политички играчи конечно се заинтересираа за овој проблем. Извештајот на Шмит ја стави кризата во Босна на нивниот дневен ред.

Габриел Ескобар, претставникот на Вашингтон за Балканот, ја посети Босна, а повторното ангажирање на САД е од клучно значење. САД веќе го санкционираа Додик во 2017 година поради попречување на имплементацијата на мировниот договор, а тоа, според Гардијан, е повторно неопходно. Тоа подразбира посилни санкции, укинување на пристапот до европските пазари и банкарството.

Од друга страна, ЕУ останува тивка во момент кога владите на нејзините членки експлицитно треба да му пружат поддршка на Шмит и да го означат Додик како одговорен за оваа криза. Западот би требало јасно да даде до знаење дека секој обид за насилство ќе биде дочекан со активирање на меѓународните сили, а дека НАТО ќе ја заврши работата ако ЕУ не е во можност, како што е наведено во Дејтонскиот договор. ЕУ исто така би можела да се праша што може да ѝ понуди на Босна и нејзините граѓани кои веќе со децении живеат во сивило.

Гардијан заклучува дека не е спорна само реториката на Додик, туку дека е потребно меѓународната заедница сериозно да се позанимава со тоа до што можат да доведат неговите провокации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе