Гардијан: Гута е новата Сребреница, и тогаш стоевме и гледавме

Она пто во 1995 година се случи во Сребреница над босанските муслимани, сега се повторува во Сирија, во Источна Гута, пишува британски Гардијан.

„Со секое ново дете кое умира, со секое злосторство што ќе мине неказнето, Источна Гута сѐ повеќе личи на она што Кофи Анан еднаш го нарече најлошото злосторсво извршено на европско тло по 1945. Источна Гута се претвора во сириска Сребреница“, пишува Сајмон Тисдал за Гардијан.

Како што се наведува, исто како и во Сребреница, прекинат е дотокот на храна и каква било помош. За ОН во 1993 Сребреница беше „безбедно место“, за минатата година на мировните преговори во Астана Русија ја декларираше Источна Гута како зона на „деескалација“.

„Како и во Босна, никој не се потруди да ги заштити цивилите откако во декември почнаа нападите на режимот по пропаѓањето на преговорите. Воздушните напади, со ужасен исход, ги изведуваат сириските сили и нивните руски поддржувачи. Вниманието на големите сили, САД и Русија, и регионалните актери како што е Турција, е фокусирано на големата игра на стратегии врз труповите на половина милион Сиријци“.

За Трамповата администрација сѐ се сведува на Иран, за Турците тоа е проблемот со „разбивањето на Курдите“, додека за Владимир Путин е „прашање на моќ“.

„Меѓутоа, за жителите на Гута, сѐ е прашање на живот или смрт. Рекорден број мртви од 2011, кога почна војната. Излез нема. Во Сребреница, околу 8.000 мажи и момчиња муслимани беа убиени за неколку дена. Меѓу 25.000 и 30.000 жени, деца и стари беа жртви на насилство и присилно преместување. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија подоцна тие злосторства ги прогласи за геноцид“, се додава во текстот.

Во тоа време, светот стоеше и гледаше, а меѓународната заедница, „добро знаеше што генералот Ратко Младиќ можеше да направи, дека масакрот беше извесен“, пишува Тисдал.

„Агонијата во Источна Гута, веќе позната по сцените од 2013 и употребата на сарин во нападите, исто така полека, но на сличен начин се игнорира. Повторно гинат цивили, вклучувајќи голем број деца. Повторно ОН се беспомошни“.

Сирискиот претседател Башар Ал Асад, исто како и Младиќ во 1995, е отпорен на надворешен притисок, се тврди во текстот. Докази кои покажуваат дека Асад е вмешан во воени злосторства не недостигаат, но засега нема никакви обвиненија.

„Младиќ е осуден во Хаг. За тоа беа потребни 22 години. Колку уште деца треба да умрат пред правдата да стигне во Сирија“, прашува Тисдал.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе