Франс прес: Тито во Загреб нема ни споменик ни улица, а нова туристичка тура предизвикува поделби

Без улица или споменик кои би потсетувале на покојниот југословенски владетел Јосип Броз Тито, кој владееше со поранешната федерација, новата туристичка тура во хрватската престолнина Загреб нуди откривање на неговото комплицирано наследство, но и предизвикува поделби во тој град, пишува француската агенција Франс прес.

EPA-EFE

И додека некои го обожаваат, некои го мразат, Тито и четири децении по смртта претставува поларизирачка личност во поранешните југословенски републики, а највеќе во Хрватска, во кои воведе и просперитет и авторитарност, пишува АФП.

Зад туристичко политичкиот проект стои Даниела Матијевиќ која вели дека идејата за „Прошетката со Тито“ ја добила кога градските власти на еден од главните градски плоштади му го одзеле Титовото име.

Беше тоа еден од низата потези во текот на повеќегодишниот период на обиди земјата да се ослободи од југословенското минато со отстранување на спомен плочите и спомениците и преименување на плоштадите и улиците.

Матијевиќ вели дека историјата е важна и заклучува дека „Тито дефинитивно беше еден од политичките џинови на 20 век“.

Турата, почната минатата година, заинтересираните ги води на осум локации во центарот на градот кои се поврзани со Тито и антифашистичкото движење кое го формирал на почетокот на Втората светска војна, со славните партизани.

Турата минува низ плоштадот кој некогаш го носел неговото име, железничката станица од која хрватскиот нацистички режим испраќал луѓе во концентрационите логори и преминот наречен по две сестри, хероини на движењето на отпорот.

Но, проектот не служи за да се разубави минатото туку ги истражува и неговите успеси и пропусти.

Тито зацртал среден пат за социјалистичката федерација и за време на Студената војна не се ставил ни на страната на САД ни со СССР.

„Тито имаше добри односи со Западот, но не ги занемаруваше ни односите со Истокот, позиционирајќи ја Југославија некаде помеѓу, собирајќи корист од двете страни“, смета историчарот Хрвоје Класиќ.

Југославија ја држеше надвор од хаосот на Студената војна и ја направи најнапредната комунистичка држава, но се служеше и со репресија, за по неговата смрт да експлодира национализмот кој тлеел, пишува Франс прес.

Тој, додава француската агенција, поттикна низа војни во 90-тите во кои беа убиени околу 130.000 луѓе.

Откако Хрватска се осамостои, Тито и Југославија беа бришени, сметани за застранување во историјата на земјата.

За Матијевиќ, меѓутоа, Тито и неговото наследство се многу лични бидејќи нејзините дедовци биле партизани.

Таа истакнува дека идејата за проектот ја добила за време на двегодишниот престој во Берлин и дека била инспирирана од начинот на кој Германија се носи со своето турбулентно минато од 20 век.

Таа додава дека нејзиното копање по минатото на Хрватска не одело мазно и дека ѝ се заканувале на социјалните мрежи.

Во декември политичарот Игор Петернел ѝ се нафрлил на Туристичката заедница на град Загреб бидејќи во своите брошури ја вклучила „Прошетка со Тито“, обвинувајќи ја дека ги промовира Тито и Југославија.

„Тоа е апсолутно неприфатливо, тоа е идеолошка провокација и срамота“, кажал Петернел.

Многумина, наведува Франс прес, сметаат дека турата е одлична и дека треба да се капитализира историјата во туристичка смисла, без оглед на тоа што мислиме за некои поглавја од таа историја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе