Париз

Француските милијардери се потепаа да платат за обновата на Нотр Дам

Сопственикот на Луј Витон и сопственикот на Сен Лорен се „тепаат“ кој ќе стори повеќе за да ѝ помогне на легендарната француска катедрала.

Двајца од најбогатите луѓе во Франција, за кои е познато дека се долгогодишни ривали, уште еднаш се соочија во арена - овој пат за донациите за обнова на Нотр Дам.

Милијардерските луксузни тајкуни - Бернар Арно, 70, и Франсоа Пино, 82 - се меѓу најжестоките деловни конкуренти и патрони во Франција.

Во вторникот, нивното ривалство достигна драматични димензии кога беше најавено дека Пино, неговиот син и нивната компанија Артемис веднаш ќе донираат 100 милиони евра за да помогнат во реновирањето на Нотр Дам откако беше сериозно оштетена во пеколот во понеделникот.

Неколку часа подоцна, Арно возврати со најава дека тој, неговото семејство и неговата луксузна компанија ЛВМХ ќе дадат двојно поголем износ, 200 милиони евра - за обновување на црквата овековечена во романот на Виктор Иго од 1831 година „Ѕвонарот на Богородичината црква“ - вечна приказна за опсесијата и љубомората.

Славното ривалство на Арно и Пино, чии презимиња се римуваат, трае со децении.

„Тие се како момчиња што се натпреваруваат, но влоговите се состојат од милијарди“, вели Лонг Гуен, моден уредник во списанието Флонт.

Арно е најбогатиот човек во Франција, и во Европа, и извршен директор на најголемата луксузна група во светот, ЛВМХ, сопственик на славните модни куќи Луј Витон и Кристијан Диор. Пино ја основа втората по големина во светот, Керинг, порано ППР, која го купи ривалскиот бренд Сен Лоран.

„Донациите од Нотр Дам се последните во долгата низа... Тие раководат конкурентски модни куќи и и двајцата ја сакаат централната бина“, додаде Гуен.

Двајцата мажи поседуваат и значителни уметнички колекции - и желба да ги изложат во конкурентски музеи.

Синот на Пино Франсоа-Анри се омажи за актерката Салма Хајек и честопати е на жолтите страници, додека синот на Арно, Антоан, има деца со супермоделот Наталија Водјанова.


Пријателство претворено во конкуренција

Двајцата, наводно, биле пријатели од деловен аспект сè до крајот на 1990-тите. Некои го поврзуваат заладувањето на односите со битката околу сопственоста на италијанската модна куќа Гучи, која подоцна отиде кај групата Керинг на Пино.

Потоа, борбата се сврте кон уметноста.

Арно во 2014 година ја отвори фондацијата Луј Витон, дизајнирана од архитектот Франк Гери, за да ја прикаже својата огромна лична уметничка ризница во далечните западни предградија на Париз. Некои критичари ова го означија како суетен проект, при што француските медиуми тврдеа дека конечната цена на раскошната зграда достигнала близу 900 милиони долари.

Во меѓувреме, Пино, кој се проценува дека заедно со својот син го претставува шестиот најбогат Французин, тесно му дише во врат на Арно и следната пролет ќе го отвори мултимилионскиот музеј на современата уметност, Колекција Пино-Париз.

Од 2001 година, Пино постепено му ја отстапува контролата на своите деловни интереси на својот најстар син Франсоа-Анри, 56, за да се концентрира на своето уметничко колекционерство. Музејот, дизајниран од друг познат архитект, Тадао Андо, ќе ја прикаже личната колекција на современата уметност на овој осумдесетгодишен тајкун.

Семејството Бетанкур-Маерс, кое го поседува козметичкиот гигант Л'ореал, и Тотал, исто така ветија дека секој ќе даде по 100 милиони евра за реставрација на 850-годишната катедрала.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе