Франција ќе има проблем ако им продаде „рафали“ и на Хрватска и на Грција

Францускиот магазин Опекс 360 специјализиран за воени теми објави текст за можната продажба на половни повеќенаменски борбени авиони „рафал“ на Хрватска и Грција, поради што Франција би можела да има проблем во однос на покриеноста на своите единици со овие авиони.

EPA-EFE

Опекс 360 пренесува дека во својот извештај за одбранбената индустрија двајца пратеници на францускиот парламент назначиле дека Франција планира на Хрватска да ѝ продаде 12 користени авиони „рафал“ кои би ја замениле флотата застарени МиГ-21.

За време на сослушувањето во Сенатот објавено пред неколку дена, началникот на генералштабот на француската војска Франсоа Леконтр потврдил дека таква понуда му е дадена на Загреб минатиот септември, пренесува Тангосикс.

Во своето обраќање до сенаторите генералот, повикувајќи се пред сѐ на договорот со Грција (кој сѐ уште не е официјално потпишан), кажал дека во оваа фаза нема детали за тоа кои француски ескадрили ќе останат без своите авиони.

Со тоа, истакнува авторот на текстот, се покажало дека Франција сѐ уште не направила план за прегрупирање на своите воздухопловно-вселенски сили, особено поради тоа што „рафали“ ѝ се нудат и на Хрватска.

Францускиот генерал кажал и дека не смее да се занемари фактот дека Франција привремено ќе има недостиг од воздухопловни средства кои се ангажирани во операции и постојаната заштита на воздушниот простор и дека поради тоа авионите се неопходни.

И покрај тоа, за генералот продажбата на „рафалите“ на Грција е голем успех кој, како што кажа, ќе биде исклучително интересен во поглед на интероперабилноста.

По тој повод министерката за одбрана на Франција Флоранс Парли истакна дека, за да се исполнат целите поставени со законот за воено планирање, 12-те авиони кои ќе бидат повлечени од единиците и ќе ѝ бидат продадени на Грција ќе мора да бидат заменети со 12 новопроизведени примероци.

Опекс 360 потсетува дека токму кон крајот на оваа година е планирана нарачка на толкав број нови „рафали“.

Се поставува, меѓутоа, и прашањето на финансирањето на набавката на овие летала бидејќи парите кои Грција ќе ги плати за половните авиони ќе одат во државниот буџет, а не во воениот. Министерката Парли изјави дека околу тоа ќе мора да се преговара со министерствата за економија и финансии за средствата сепак да ѝ се отстапат на војската.

Генералот Леконтр појасни и дека се многу важни датумите на испораките на авиони кои ќе овозможат воздухопловно-вселенските сили да го направат овој потег одржлив и дека доколку не се води сметка за тоа кога авионите ќе бидат повлечени од ескадрилите, Франција ризикува да има значителен недостиг на оперативно ниво. Генералот истакна и дека компанијата Дасо, која го произведува „рафал“, треба да ги зголеми своите индустриски капацитети и да го прифати ризикот на отворање нови производни ленти.

Тангосикс во анализата за можната продажба на половни „рафали“ на Хрватска укажува дека Франција во моментов нема доволно борбени авиони „рафал“ ни за своите потреби. Нарачани се вкупно 180 авиони, досега се испорачани само 152, а опремувањето на француските воздухопловни сили во изминатите години било во втор план поради испораките на странските купувачи кои добивале и авиони од француските производни линии.

Француските воздухопловни сили кои во моментов имаат 110 „рафали“ би можеле да се соочат со сериозен проблем доколку за кратко време се откажат од повеќе од 20 отсто од своите оперативни авиони (Хрватска 12 авиони, Грција 12 авиони).

Засега постои план во 2023 да се нарачаат уште 30 авиони со рок на испорака во 2027-2030. Не е познато кога би биле испорачани 12-те примероци за кои беше најавено дека ќе се нарачаат на крајот на оваа година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе