Форин полиси: Скандинавија нема да биде следната мета на Путин

Во неодамнешен напис во Форин полиси, поранешниот грузискиот претседател Михаил Сакашвили тврдеше дека најверојатната мета на Русија во иднина ќе бидат Финска или Шведска.

Како што тој тоа го објасни, со напад врз некоја од државите што не се членки на НАТО, Путин не ризикува пропорционален одговор во согласност со членот 5.

Со напад врз една европска земја, тој може да очекува одобрување од домашната јавност, и од гласачите кои очајнички сакаат победа, тврдеше Сакашвили.

Меѓутоа, како што пишува Јури Раитсало за Форин полиси, на среќа на Финска и Шведска, аргументот на Сакашвили повеќе се заснова на лоша анализа отколку на реално разбирање на меѓудржавните односи на северот на Европа денес.

„Прво, започнувањето војна секогаш е вовед во потенцијална катастрофа. Гледајќи колкави се трошоците на рускиот упад на Крим во 2014 година, тие се многу големи и сѐ уште растат. Денес Русија се соочува со економски санкции и со политичка изолација. Ако ништо друго, успехот во Украина беше пирова победа“, тврди тој во текстот.

Додава дека второто многу важно нешто е што, иако односите на Русија со Западот се напнати, постои секојдневна соработка.

„Таквата состојба на нештата го одразува фактот дека западните држави, или Европа во целина, не можат да бидат безбедни без некаков вид долготрајно дипломатско разбирање со Русија. Двете страни го знаат тоа. Неодамна дипломатијата беше потценета, но тоа не значи дека не треба да се престане со обидите. Финска е една од ретките земји од Европа која ја ангажираше Русија на највисоко политичко ниво за да ги намали тензиите. Чекањето Русија да капитулира пред сѐ поголемите економски санкции или да се очекува таа мирно да се распадне под внатрешните превирања би била грешка. И Русија и Западот имаат интерес да ја решат актуелната криза без употреба на оружје“, се наведува.

И сепак, како што се додава, Финска и Шведска сосема сериозно ги сфаќаат своите обврски за територијалната одбрана. Во случајот на Финска, територијалната одбрана од надворешна агресија е причината за постоењето на Финските одбранбени сили откако земјата стана независна пред повеќе од 100 години.

„Тоа не се смени со завршувањето на Студената војна пред 30 години. Во текот на деведесеттите, повеќето европски држави ја редефинираа својата воена одбрана. Меѓу 1989 и 2013 година, повеќето европски војски станаа мали волонтерски или професионални сили погодни за мултинационални операции со симболичен придонес во трупи. Накратко, западните војски, особено во Европа, се смалија“, пишува Раисало.

Единствената земја исклучок беше Финска.

„Никогаш не ја спушти топката околу територијалната одбрана. Изгубените воени капацитети не можат брзо да се заменат. Тоа е суштината на европската воена слабост. Нема потреба од таканаречени надворешни сили кога имате средена куќа. Обидот трошоците за одбраната да се поврзат со други (САД) не е начин да се продолжи кога станува збор за прашањата за националната безбедност и опстанокот. Премногу европски држави се потпираа на САД за да спречат надворешна воена агресија“, наведува тој.

Од друга страна, Шведска имаше моменти на слабост и по распадот на СССР и крајот на Студената војна изгуби значително количество на воените капацитети за територијална одбрана.

„Сепак, Шведска во тој период задржа значителни капацитети за поморско и воздушно војување. По 2014, Шведска повторно се фокусираше на одбраната на својата територија и соседните области. Покрај тоа, зајакнаа и воените набавки. Финска и Шведска се вклучени во билатерални и мултилатерални договори за соработка и во областа на одбраната“, се истакнува.

Финска и Шведска ги проширија своите соработки во областа на одбраната. САД се важен партнер во тој аспект, со и без НАТО, но соработката во одбраната не може да ги замени добрите национални воени капацитети.

„Дури ни најголемата мечка нема да јаде боцкаво прасе. Грузија загуби дел од својата територија во 2008, кога Сакашвили беше претседател на Грузија. Многу може да се научи од тоа искуство, но не и да се сугерира дека Русија ќе почне војна против Шведска или Финска, како што тврди Сакашвили, само за да се зајакне популарноста на Путин“, заклучува Форин полиси.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе