Полоша од нападот на Перл Харбор и 11 септември

Форин полиси: Коронавирусот е најголемата разузнавачка утка во историјата на САД

Во септември минатата година се сретнав со потпретседателот за ризици на една од Форчун 100 компаниите во Вашингтон, кој пред тоа имал долга кариера како разузнавачки аналитичар и го прашав што најмногу го загрижува. Без колебање ми одговори: „Многу заразен вирус кој ќе тргне некаде од Кина и брзо ќе се рашири“. Овој потпретседател, чија компанија има канцеларии по југоисточна Азија, ги објасни потоа превентивните чекори за ублажување на кризата кои комапнијата ги презела за да се носи со потенцијалната закана, ја почнува својата анализа за Форин полиси Мицах Зенко.

Откако новиот коронавирус се рашири по светот, Зенко често размислувал за оваа прогностичка проценка на ризикот. Многу лидери немаат дисциплина за рутинско скенирање на хоризонтот за ризици, а уште помалку развиваат неопходни планови за вонредни ситуации. Многу се ретки лидерите кои имаат способност да ја предвидат и правилно да ја идентификуваат најголемата закана доволно рано за да развијат и применат такви планови.

Доволно е да се каже дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп беше кумулативно неуспешно, како во сериозното сфаќање на специфичните и повеќекратни предупредувања на разузнавачката заедница за епидемијата на коронавирусот, така и во енергичното спроведување на националната иницијативапропорционална на заканата. Само федералната влада има ресурси и овластувања за водење на релевантните и приватните фактори во спротивставување на предвидливите штети кои може да ги предизвика вирусот. За жал, Трамповите функционери донесоа низа погрешни проценки (минимизирајќи ја опасноста од ковид-19) и одлуки (одбивајќи веднаш да дејствуваат) кои непотребно ја нарушија безбедноста на Американците, смета Зенко.

Катастрофално стратегиско изненадување

Накратко, Трамповата администрација дозволи катастрофално стратегиско изненадување за американскиот народ. Но за разлика од претходните стратегиски изненадувања – Перл Харбор, Иранската револуција во 1979 и особено нападот на 11 септември – оваа последната настана поради невидена рамнодушности, дури и своевидна негрижа. Додека во извештајот на Комисијата за 11 септември вината за нападот на Ал каеда се насочува на сите администрација од Роналд Реган до Џорџ В. Буш, кризата околу коронавирусот е главно исклучива одговорност на денешната бела куќа.

Поглавјето 8 во извештајот на Комисијата за 11 септември се вика „Системот испраќал црвени предупредувања“, продолжува Зенко. Овој цитат доаѓа од поранешниот директор на ЦИА Џорџ Тенет кој така го опишал летото 2001, кога повеќе извештаи на разузнавачката заедница укажувале на претстоен воздушен терористички напад во Соединетите Американски Држави. И покрај предупредувањата и енергичните обиди на некои противтерористички функционери, Комисијата за 11 септември заклучила: „Се гледаат многу малку докази дека заговорот го нарушила која било владина акција. Времето истекло“.

Минатата недела, Вашингтон пост извести за низата предупредувања кои разузнавачката заедница ѝ ги претставила на Белата куќа во јануари и февруари. Овие предупредувања имале мал ефект врз високите функционери на администрацјата, кои несомнено биле под влијанието на постојаното потсмевање на претседателот Трамп со вирусот, кое почна на 22 јануари: „Го имаме под контрола. Станува збор за едно лице кое доаѓа од Кина и го имаме тоа под контрола. Сѐ ќе биде во ред“.

Три болно очигледни забелешки за Трамповиот лидерски стил

Досега имавме три болно очигледни забелешки за лидерскиот стил на Трамп кои го објаснуваат влошувањето на пандемијата на коронавирусот со кое Американците се соочуваат, истакнува Зенко. Прво, факт е дека кога тој еднаш ќе поверува во нешто, колку и дале и лошо промислено и неточно, постојано се држи до тоа мислење. Лидерите се необично горди и самоуверени, на многумина фактот што дошле до истакнати и моќни функции им е доказ за нивната сопствена вродена мудрост. Но, навистина мудрите лидери постојано бараат повратни информации и критики, тие се активно отворени мислители и се способни да го променат своето мислење. Според сѐ досега видено, на Трамп му недостигаат овие важни карактеристики, пишува Зенко.

Второ, Трамповите проценки се многу преносни, влијаат врз размислувањето и однесувањето на речиси секој функционер или советник кој ќе дојде во контакт со изворот. Не изненадува тоа што претседателот се опкружи со луѓе кои изгледаат, размислуваат и дејствуваат исто како него. Сепак, неговите неточни и озлогасени коментари имаат исклучителна способност да бидат рециклирани од некогаш чесните воени, разузнавачки или бизнис лидери. А ако некој доследно, папагалски и со соодветен интензитет не го повторува тоа што го наметнува претседателот, тој ќе биде отпуштен или ќе се појави вест дека неговото отпуштање е неизбежно. Така во последно време се појавуваат вести за Трамповото нетрпение со незаменливиот Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергии и инфективни болести.

И трето, лошите проценки брзо ги контаминираат сите оружја на федералната влада за креирање политики, речиси без каков било отпор или дури разумно преиспитување. Обично федералните агенции ги водат оние функционери за кои Белата куќа верува дека се најдобри за спроведување на политиката. Тие функционери обично уживаат одреден степен на самостојност, но не и под Трамп. Дури и историско непартиските позиции во националната безбедност и разузнавачката заедница се пополнети со луѓе кои се идеолошки усогласени со Белата куќа, но не и обдарени со искуство или стручност потребни за рацонално проценување на загриженоста која ја изнесуваат неполитичките вработени од кариера.

Отуѓеноста и ноншалантноста на Белата куќа

Значи, Трамповата почетно погрешна претпоставка или изјава се прелева во секојдневното спроведување на политиката, смета Зенко.

Во споменатиот извештај на Вашингтон пост стои и вџашувачката изјава на анонимен американски функционер: „Доналд Трамп можеби не го очекуваше ова, но многу други луѓе во владата го очекуваа. Едноставно не можеа да го натераат да направи што било. Лампичката на системот трепкаше црвено“. Оваа реченица очигледно се повикува на споменатиот заклучок на Комисијата за 11 септември, смета Зенко.

Со оглед ан тоа што Трамп веднаш на почетокот заклучи дека коронавирусот едноставно не може да претставува закана за Соединетите Американски Држави, може и не постои ништо што разузнавачката заедница, медицинските експерти со своите епидемиолошки проценки или функционерите за јавно здравство можеле да ѝ го кажат на Белата куќа за нешто да се смени. Поранешниот советник за национална безбедност Хенри Кисинџер наводно по едно предупредување на разузнавачката заедница кажал: „Ме предупредивте, но не ме убедивте“. Па сепак, довербата на мозокот на претседателот целосно се затвори за спротивни, иако точни ставови и невозможно е да се увери.

Отуѓеноста и ноншалантноста на Белата куќа во раните фази на епидемијата на коронавирусот ќе бидат една од најскапите одлуки во историјата на современото претседателство. Функционерите добиле јасна прогресија на предупредувања и предлози за клучните одлуки доволно рано за земјата каде каде подобро да се подготви. Но начинот на кој ги отфрлиле овие предвидувања и драгоценото време не смее никогаш да се заборават, како ни причината зошто тоа го направија. Трамп згреши, и неговиот внатрешен круг предолго реторички ја промовираше неговата грешка и отиде предалеку со несоодветни политики, кои траат и денес. Американците цената на тоа ќе ја плаќаат со децении, заклучува Зенко за Форин полиси.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе