Форин аферс: Путин дома нема конкуренција, но не е семоќен, автократ соочен со две закани

Во последното, мајско издание, американското списание Форин аферс детално ги анализира двете децении владеење на рускиот претседател Владимир Путин и заклучува дека, иако неговата позиција сè уште не е загрозена, тој и Русија се соочуваат со зголемени тешкотии како резултат на неговото автократско владеење. Путин е без конкуренција дома, но не е семоќен, се вели во написот.

Фото: ЕПА

„Како и сите автократи, и тој се соочува со две закани: можен пуч од елитата околу него и масовен бунт одоздола“, но „поради компромисот што требаше да го направи за да ја консолидира својата лична контрола над државата, сѐ помалку ефикасни се Путиновите средства за балансирање на спротивставените цели: наградување на елитата што може да се здружи против него и смирување на јавноста“.

Путин го зајакна економскиот процут поттикнат од скапата нафта, што нагло го подигна животниот стандард во првата декада од неговото владеење, а во втората беше засилен со бран националистичко расположение по анексијата на Крим, пишува американскиот магазин.

„Бидејќи сјајот на овие достигнувања почна да бледнее, Путин сè повеќе се потпира на репресија во третата деценија од своето владеење за да ги неутрализира противниците“, што „веројатно ќе се интензивира со ескалацијата на руските проблеми, забрзувајќи го циклусот на политичко насилство и економска слабост што би можеле да ги загрозат амбициите на Путин и да ја стават на тест неговата политичка вештина“, пишува списанието.

Путин ги „ослабе институциите - судовите, администрацијата, изборите, партиите и законодавните тела за да не можат да го ограничуваат, но затоа не може да се потпира на нив да генерираат економски раст, да ги решаваат социјалните конфликти или дури и да го олеснат неговото мирно заминување од функцијата“.

Тоа, се додава, „го остава Путин зависен од минливата вредност на личната популарност и опасните методи на репресија и пропаганда“.

Путин ги протурка измените на Уставот на Русија што ќе му овозможат да се кандидира за претседател во 2024 и 2030 година.

„Обидот за продолжување на владеењето на Путин не е изненадување со оглед на потенцијалните недостатоци на напуштањето на функцијата“, а тие „маани во последниве 70 години беа персоналистичките автократи по губењето на власта да завршат во егзил, во затвор, или мртви“.

Без силни формални институции што би го легитимирале неговото владеење, Путин се потпира на големата лична популарност, вели Форин аферс и додава дека во текот на изминатите 20 години позитивната оцена на Путин во анкетите „во просек изнесуваше неверојатни 74 проценти“, главно водена од економскиот процут, кој го удвои рускиот БДП до 2008 година и со „единствениот надворешнополитички успех на анексијата на Крим во 2014 година“.

Но од 2018 година, популарноста на Путин опаѓа: позитивната оценка на неговото владеење е околу 60 проценти, но Русите изразуваат далеку помала доверба во него од порано: во анкета во ноември 2017 година 59 проценти од испитаниците го именуваа Путин за доверлив политичар, а во февруари годинава само 32 проценти се изјаснија така.

Во истиот период поддршката за петти мандат на Путин падна од 70 на 48 проценти, додека 41 процент од анкетираните Руси изјавија дека за него е подобро да се повлече, пишува магазинот.

Парламентарните избори закажани за септември најверојатно ќе бидат напнати, бидејќи во анкетите владејачката партија „Единствена Русија“ стои пониско од кога било, па затоа Кремљ ќе мора да ја сузбие опозицијата, истовремено задржувајќи ги со себе Комунистичката партија и Либерално-демократската партија, пишува списанието.

Форин аферс посочува дека би било ризично потпирањето на прекумерна изборна измама, затоа што Кремљ би сакал да избегне повеќемесечни протести, како што беа оние што избија по украдените избори минатата година во соседна Белорусија.

Гледајќи понатаму, очекувањата дека Путин ќе остане претседател и по 2024 година само ќе ја зацврстат економската стагнација на Русија и ќе ја зајакнат фрустрацијата на народот поради неспособноста на Кремљ да го подобри животниот стандард или управувањето, пишува Форин аферс и посочува дека последиците од таквата состојба најверојатно ќе бидат постојан пораст на притисокот врз режимот и негово интензивирање на репресијата врз противниците.

Русија останува голема сила, иако послаба од СССР, се вели во написот, во кој се наведува дека таа има нуклеарна моќ, важна географска позиција и седиште во Советот за безбедност на ООН, што гарантира дека е рангирана меѓу големите сили, а тоа ѝ го овозможуваат и нејзиното образование, наука и енергија.

Форин аферс додава дека Русија произведе ефикасна вакцина против ковид-19 за помалку од една година, на Европа со години ќе ѝ обезбедува евтина енергија и ќе остане важна на светскиот пазар на енергија.

Покрај тоа, засега нема непосредна закана за владеењето на Путин, кој е „вешт тактичар со значителни финансиски ресурси, соочен со неорганизирана опозиција“, но „сепак, ниедна проникливост не може да ги совлада болните противречности произведени од начинот на кој тој ја води Русија“.

Тие противречности се: „доволно мамите на изборите за да не ризикувате да загубите, но не толку за тоа да сигнализира слабост.

Со антизападни потези ја поттикнувате гласачката база, но не до таа мера што тоа да предизвика вистински конфликт со Западот.

Ги наградувате пријателите преку корупција, но не толку за економијата да пропаѓа“.

„Манипулирате со вестите, но не до тој степен луѓето да немаат доверба во медиумите. Вршите репресија врз политичките противници, но не толку за да ја охрабрите реакцијата на масите. Ги јакнете безбедносните служби, но не толку за да можат да се свртат против вас“.

Форин аферс заклучува дека „начинот на кој Кремљ ќе ги урамнотежи овие противречности ќе ја одреди непосредната иднина на Русија“.

Но трендот кон поголема репресија во последните четири години, и нејзино веројатно продолжение, не е добро за Русија ниту за нејзиниот лидер“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе