Мапа на воинствените Европејци

Финците најспремни да војуваат за својата земја, Холанѓаните најмалку, Македонија некаде во средината (ФОТО)

Три земји од Балканот се најдоа меѓу првите 10 во анкетата чии граѓани се спремни да војуваат за својата држава, додека на долниот дел од табелата се земјите од западна и јужна Европа.

Резултатите од глобалното истражување кое го спроведе Галуп во графички приказ на мапата на Европа ги преточи еден корисник на социјалната мрежа Имгур.

Според резултатите, на првото место се Финците, од кои дури 74 отсто се изјасниле дека се спремни да војуваат за својата држава. Со еден процент помалку на второто место се Турците, а на третото место се Украинците каде 62 отсто од анкетираните одговориле дека се спремни за војна.

Русија се наоѓа на четвртото место, а според резултатите 59 отсто од анкетираните Руси кажале дека се спремни да војуваат за својата земја.

На листата е и соседно Косово, и тоа на петтото место со 58 отсто.

Со по 55 отсто Босна и Херцеговина ги делат шестото и седмото место, потоа следи Грција со 54 отсто, Полска со 47, додека Србија е на десеттото место со 46 отсто.

Македонија, Романија и Република Ирска се на 12, 13 и 14 место со 38 отсто, веднаш зад Швајцарија со 39 отсто граѓани спремни да војуваат за неа.

Според информациите на Галуп, спремноста на државјаните да војуваат за својата држава опаѓа од истокот на Европа кон западот, па на крајниот запад се земјите чии граѓани се најмалку спремни за војна.

Последна на листата од 28 земји е Холандија, каде само 15 отсто граѓани се спремни да војуваат. Со три отсто повеќе на претпоследното место е Германија, а пред неа се Белгија со 19, Италија со 20, Шпанија и Австрија со 21, Чешка со 23, Бугарија со 25...

Во анкетата биле испрашани 62.398 луѓе од целиот свет, во секоја земја врз примерок од околу 1.000 државјани. Во 30 земји анкетите биле во живо, во 12 преку телефон, а во 22 преку интернет, во период од септември до декември 2014 година.

На светско ниво истражувањето покажало дека Европејците се најмалку спремни да војуваат за своите земји, а во просек 61 отсто од анкетираните во 64 земји кажале да.

На првото и второто место во светот се Мароко и Фиџи со 94 отсто, потоа Пакистан и Виетнам со 89 и Бангладеш со 86 отсто.

Според резултатот на анкетата најмирољубива земја во светот е Јапонија, каде само 11 отсто од анкетираните кажале дека се спремни да војуваат за својата земја.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе