Џеспер Даб, директор во Фејсбук

Фејсбук дневно брише над милион лажни профили

Џеспер Даб е директор во Фејсбук за Европа и Блискиот Исток, одговорен за соработка со медиумските партнери. На Глобалниот медиумски форум на Дојче веле што се одржува во Бон говореше за улогата на Фејсбук во обидите да им се помогне на новинарите и на независното новинарство. Во разговор за МКД.мк вели дека во периодот од четвртиот квартал на 2018 година до првиот квартал годинава се избришани 2,19 милијарди лажни профили.

Како ќе го дефинирате Фејсбук, што е Фејсбук?

Од аспект на медиумите ние сме дистрибутивен партнер. Не сме медиумска компанија како таква, бидејќи јас ги сфаќам медиумите како „производители“ на содржина што имаат јасни ставови и разбирање и свои позиции за целите што треба да се реализираат. Значи ние треба да бидеме партнери со медиумите и да ги дистрибуираме вестите и бевме добри партнери во минатото. Сега се навистина зголемени информациите и капацитетите и сакаме новинарството да има корист од платформата и да прави разлика што е пи-ар или пропаганда или, пак, нешто уште полошо од тоа.

Дали во реалноста навистина сте партнери со медиумите?

Да, сме партнери, но дефинитивно би можеле да бидеме подобри партнери. 

Што мислите за фактот дека луѓето станаа зависни од Фејсбук?

Мислам дека тоа е дискутабилно. Генерално има многу научни истражувања за тоа прашање. Дефинитивно има елементи на зависност кога луѓето ги користат нивните смартфони, но не знам колку тоа отпаѓа на користење на конкретна апликација, не ги знам деталите. Но тврдењето дека Фејсбук предизвикува лутина и омраза не е точно. Она што го правиме е сето она што го читате во медиумите, електронски или пишани и ги „фаќате” насловите, луѓето може да реагираат на тоа бидејќи новинарството, мислењата и дебатите се емотивна работа, но не е точно дека ние ги поттикнуваме тие чувства или омраза, особено во споредба со другите.

Ако ги видите учесниците во Пленарната сала, ќе видите дека половина од нив имаат отворено Фејсбук на своите телефони. Затоа велам зависност.

Се разбира дека сме голема платформа и стигаме до многу луѓе, но луѓето користат и други апликации од нашата конкуренција или пак гледаат работи што ги интересираат.

Како се борите со лажните вести на Фејсбук?

Со лажните вести се бориме со цела палета работи, активности. Една од нив е формирање независна трета страна на „проверувачи на факти“. Вие на пример може да сигнализирате дека нешто е дезинформација, тоа оди кај нашите „контролори на факти“ и тие го проверуваат тоа. Тие се од различни региони, ја знаат политиката во регионот, или одредени прашања, теми, го разгледуваат прашањето, бараат алтернативни извори, извори на кои може да им се верува и оформуваат мислење.

Ако нешто е обележано како дезинформација, има три можности. Една е да се тргне текстот или постот. Го тргаме ако е против стандардите на нашата заедница, ако содржи расизам, насилство и слично. Се симнува веднаш.

Ако не ги содржи овие елементи, а сепак е дезинформација, ги информираме луѓето што го поставиле и го редуцираме дистрибуирањето, бидејќи сметаме дека не е многу вредно за луѓето, па има помала дистрибуција. Не ги спречуваме луѓето да го постават таму бидејќи имаат право да го искажат своето мислење, се додека е во рамките на некои стандарди но не го шириме многу и многу малку луѓе ќе го видат.

И третата работа е да ги информираме луѓето што го поставиле дека тоа е обележено бидејќи е дезинформација. Им овозможуваме да го постираат и има кажуваме дека е обележано бидејќи е погрешна вест, а ако се уште сакаат да го постираат треба да има и алтернативни извори за да може да се креира мислење.

Значи имаме став, но не секогаш го тргаме од платформата бидејќи сакаме да има рамнотежа, слобода на говорот и безбедност на платформата.

Вие, на пример, како корисник на платформата може да реагирате, да обележите некој пост и да информирате зошто мислите дека нешто не треба да биде на платформата, вашето мислење се разгледува од професионални партнери, кои може да речат „ова е само лудо мислење“ и не мора да се тргне, бидејќи не предизвикува посериозни последици.

Кога зборувате за „контролорите на факти“, имате ли податок колку такви експерти имате?

Имаме повеќе од 40 организации, меѓу другите и новински агенции како АФП, ДПА, издавачи од светот, помали независни експерти, значи група луѓе, професионални новинари со стандарди. Не може едноставно да кажете „јас сум контролор на факти“, можам да го правам тоа. Се работи за ригорозен процес на нивниот ангажман.

Рековте дека Фејсбук брише околу еден милион профили на ден.

Ќе ви кажам точно. Во периодот од четвртиот квартал на 2018 година до првиот квартал годинава се избришани 2,19 милијарди лажни профили. Тоа значи дека повеќе од еден милион лажни профили се бришат дневно. Ова се случува бидејќи луѓето се обидуваат да лажираат нешто, но сега сме многу напреднати и тоа го правиме автоматски. Машини и алатки ги идентификуваат лажните профили.

Се работи за некаков алгоритам на машините?

Се работи за комбинација од машини и алатки, кои ни помагаат да ги откриеме лажните профили и потоа има процес на проверка.

Жана П. Божиновска

од Бон

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе